Медитеранска диета, сити & слаби

Медитеранската диета вклучува вкусни и здрави начини на конзумација на храна и пијалоци. Поради оваа причина, медитеранската диета регуларно е опишувана како златен стандард на здравата исхрана.

Овој начин на исхрана е базиран на употреба на здрава храна и пијалоци кои традиционално се конзумирани од луѓе кои живеат во земјите околу Медитеранското море.

Интернационалните коалиции од нутриционисти-научници, креирале Медитеранска пирамида на исхрана, за да ги инспирира луѓето да започнат да ја конзумираат секојдневно и притоа да уживаат во овој вид на храна.

Медитеранска Пирамида на Исхранаmediterranean-food-pyramid

Традиционалната медитеранска диета е базирана на употреба на:

  • Житарици – пченка, пченица, ориз, р’ж;
  • Зеленчук – свеж или варен;
  • Овошје без додаток на шеќери (контрола на порциите). Овошните сокови треба да се избегнуваат (како замена за чаша сок се зема едно парче овошје);
  • Маслинки и маслиново масло (богати со фитонутриенти);
  • Зрнести плодови (ореви, лешници, бадеми, соја) и легуминози (грав, грашок, леќа);
  • Зачини (богати со антиоксиданти);
  • Сирење и јогурт;
  • Риба (богата со омега-3 масни киселини) и морски плодови;
  • Јајца (високо квалитетни протеини);
  • Месо во помали порции;
  • Вино (во регуларни количини 150мл за жени, 200мл за мажи).