
Магнезиум со Б6 – совршен тим кога станува збор за твоето здравје. Овие два есенцијални нутриенти не само што работат одлично поединечно, туку и се надополнуваат еден со друг за да ги постигнат најдобрите резултати за твоето тело и ум. Еве зошто секојдневната комбинација од магнезиум и Б6 е нешто што не треба да го занемариш.
1. Најдобра антистрес комбинација
Магнезиумот е познат како антистрес минерал, бидејќи помага да се намали нивото на кортизол – хормонот на стресот. Витаминот Б6, пак, игра клучна улога во синтезата на серотонин, хормонот на среќата. Заедно, тие ја подобруваат твојата способност да се справиш со секојдневниот стрес и да одржиш стабилно расположение.
2. Поддршка за нервниот систем
Нервниот систем е одговорен за преносот на сигнали низ телото. Магнезиумот обезбедува правилна функција на нервите, додека Б6 помага во создавање на невротрансмитери кои се клучни за комуникација меѓу нервните клетки. Комбинацијата ги намалува симптомите на нервоза, вознемиреност и несоница.
3. Подобра енергија и помала замореност
Без доволно магнезиум, твоите клетки неможат да произведат доволно енергија, што води до хроничен замор. Витаминот Б6 помага магнезиумот поефикасно да се апсорбира и го засилува создавањето на енергија во организмот. Со нив, ќе се чувствуваш полн со енергија секој ден.
4. Силни мускули и здрави коски
Магнезиумот е неопходен за правилна контракција и релаксација на мускулите, што е клучно за спречување на грчеви. Б6 го зголемува ефектот на магнезиумот, помагајќи во регулирање на мускулната функција. Дополнително, оваа комбинација е важна за одржување на здрави коски, бидејќи магнезиумот ја зголемува апсорпцијата на калциумот.
5. Поддршка за кардиоваскуларното здравје
Магнезиумот ја регулира работата на срцевиот мускул и го контролира крвниот притисок. Витаминот Б6, пак, помага во намалување на нивото на хомоцистеин – супстанца што може да предизвика оштетување на крвните садови. Заедно, тие го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Зошто да го избереш Dr. Viton Magnezan B6?
За да ги искористиш сите овие бенефити, важно е да избереш производ со докажан квалитет. Dr. Viton Magnezan B6 е формула со совршена комбинација на магнезиум и витамин Б6, специјално дизајнирана за твоето тело да ги добие сите придобивки без компромис. Пиј го секој ден и грижи се за твоето здравје на најдобар можен начин!
Производот ќе го најдете во аптеките на: Зегин, Еурофарм, Виа Фарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Роса Вита, Алпи Фарм, Вивалек, ДНА Анни Фарм, Lifeline Pharmacy, dm и Cosmo – Tinex, како и сите подобро снабдени аптеки.
Може да нарачате ONLINE на следниот линк: https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-magnezan-b6/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
(Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)
Производот може да Ви биде доставен на адреса со брза пошта!