Сигурно веќе сте го пробале во топлите зимски пијалаци, но и во пасти за заби, лосиони за тело и парфеми.
Се работи за карнфилчето, зачинот со топол, остар и ароматичен мирис, а сладок и јак вкус. Денес, еден од најславни зачини во Светот.
Лековита моќ: Каранфилчето се користи за лекување на многу болести. Главна состојка на каранфилчето е еугенолот, чија главна карактеристика е антивоспалителноста. Освен тоа, содржи минерали како калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк, бакар, манган и селен. Богат е и со витамини, Б, С, Е и К.
Прва помош при забоболка и лош здив :Каранфилчето дејствува како аналгетик, а одамна се користи за делување на лош здив. Во некои земји, маслото од каранфилче, стоматолозите го користат за дезинфекција при операција.
Уништува бактерии и паразити: Каранфилчето делува како антимикробен агент, ги уништува паразитите и бактериите. Антипаразитното чистење на целокупниот организам со пелин, црн орев и каранфилче е вистински погодок.
Против воспаление на грлото и грип: Истражувања покажуваат дека каранфилчето е одличен лек против грип и настинка. Овој напиток веднаш ќе ги отстрани симптомите.
- 2дл. Топла вода
- 1 лажица свежо рендан рен
- 1 лажица мелено каранфилче
- 1 лажица мед
- Ставете ги во чаша, мешајте и пијте.