Л – карнитин и екстракт од зелен чај…совршено дуо за топење масти

Што е Л-карнитинот?
Л-Карнитин е природен додаток во исхраната. Нашето тело го произведува во црниот дроб и бубрезите, а тој ни помага за претворање на мастите во енергија. Фигуративно, ако телото е мотор, а мастите се гориво, Л-Карнитинот е маслото кое го подмачкува тој систем. Тоа е аминокиселина која често ни недостатува во организмот, бидејќи за негова синтеза се потребни повеќе хранливи материи: лизин, метионин, витамин Ц, Б3, Б6, железо.

Л-карнитинот е одличен за согорување на вишокот масти и ослободување од вишокот килограми. Освен тоа што ги транспортира мастите до митохондриите како извор на енергија, истражувањата покажуваат дека го намалува апетитот. Дополнително, неговиот ефект на зголемување на издржливоста ќе ви овозможи поефикасни тренинзи во кои ќе согорите повеќе калории.

Екстракт од зелен чај
Предноста на екстракт од зелен чај во однос на класичниот чај од вреќичка е во тоа што на овој начин земаме повеќекратно поголема доза на активни материи отколку кога пиеме чај, а докажано е дека телото подобро ги апсорбира катехините од екстрактот на зелен чај.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Според студија во American Journal of Clinical Nutrition, учесниците кои пиеле чај кој бил збогатен со екстракт од зелен чај, изгубиле повеќе повеќе телесни масти, отколку оние кои пиеле друг чај кој немал  екстракт од зелен чај. Зошто? Зелениот чај е богат катехини, кои се анти-воспалителни и може да помогнат во борбата против ракот, а неодамнешните истражувања сугерираат дека неговите состојки влијаат на нивото на масти. Со други зборови, катехините можат да ви помогнат да согорите екстра калории, додека согорувате и масни наслаги.

Природниот антиоксидант катехин од зелениот чај помага при топењето на мастите од стомакот, а содржи и кофеин, кои ги ослободува мастите заробени во поткожното ткиво и овозможува нивно побрзо согорување. Се покажало дека, доколку пиете три шолји зелен чај дневно, ќе согорите додатни 80 калории во наредните 24 часа.