
Кверцетин – една од најистражуваните природни супстанци во нутриционизмот последниве години. И тоа не е случајно! Овој моќен растителен флавоноид има неверојатно широк спектар на придобивки – од борба со воспаление, до заштита на мозокот и поддршка на кардиоваскуларното здравје.
Ако се прашуваш за што точно служи кверцетинот и дали вреди да го внесуваш секој ден – оваа статија ќе те увери дека ТРЕБА.
Подолу ќе ги најдеш 7-те најзначајни, научно поддржани ефекти на кверцетинот – со конкретни резултати од студии, но претставени едноставно и разбирливо.
Го намалува хроничното воспаление
Хроничното воспаление е тивок придружник на многу состојби: срцеви заболувања, автоимуни болести, дебелина, дијабетес, па дури и лупус.
Научните студии покажуваат дека кверцетинот може значително да го намали воспалението со тоа што влијае врз маркерите како: TNF-α, IL-1β, IL-6.
Кверцетинот ги намалува овие молекули и го зголемува IL-10 – антиинфламаторен цитокин што ги смирува имуните клетки (како макрофаги и дендритни клетки), спречувајќи ги да ослободуваат премногу воспалителни цитокини.
Дополнително, кверцетинот го намалува и C-реактивниот протеин (CRP) – еден од најважните индикатори за воспаление во телото.
Моќен антиоксидант – посилен од витамин Ц, E и бета каротен
Кверцетинот е природен „телохранител“ на твоите клетки.
Според повеќе истражувања:
- е најмоќниот антиоксидант меѓу флавоноидите
- е многу поефективен од витамин Ц, витамин E и бета каротен
Кверцетинот го опишуваат како одличен чистач на реактивни кислородни видови (ROS) – честички кои ги оштетуваат клетките и доведуваат до стареење и болести.
Ова значи дека кверцетинот делува како штит против оксидативниот стрес.
Антиканцерогени својства
Иако кверцетинот не е лек, научните трудови укажуваат дека има значаен потенцијал во превенцијата на развој на канцерогени клетки.
Истражувањата покажуваат дека:
- го забавува размножувањето на канцерогените клетки
- ја стимулира нивната апоптоза (природно умирање)
- го спречува нивното ширење во ткивата
Овие ефекти се забележани кај клетки од:
- мозок
- црн дроб
- дебело црево
- и други органи
Ова го прави кверцетинот еден од најмногу истражуваните природни соединенија во контекст на превенција.
Поддршка за срцето и крвните садови
Кверцетинот делува на повеќе нивоа:
- го намалува крвниот притисок
- ги опушта крвните садови
- го намалува шеќерот во крвта
- спречува згрутчување на крвта
- го штити внатрешниот ѕид на крвните садови
Со ова кверцетинот го намалува ризикот од:
- срцев удар
- тромбоза
- оштетување од LDL холестерол
Тоа е природна поддршка за кардиоваскуларното здравје, особено важна за луѓе со генетски ризик или изложеност на стрес и загадување.
Го штити мозокот – подобра меморија и побавен когнитивен пад
Благодарение на антиоксидативните и антиинфламаторните дејства, кверцетинот помага во:
- подобрување на циркулацијата во мозокот
- раст на нови нервни клетки и крвни садови
- заштита на невроните од токсини
- намалување на оксидативниот стрес (една од причините за Алцхајмерова болест)
Студиите покажуваат и дека кверцетинот го подобрува памтењето и учењето, може да помогне во превенција на деменција и мозочен удар.
Ова го ставa во категорија на природни неуропротектори.
Природен антихистамин – олеснување при сезонски алергии
Кверцетинот го намалува ослободувањето на хистамин, супстанција што предизвикува:
- кивање
- солзење
- чешање
- иритација
Затоа е корисен при:
- поленска треска
- алергиски ринитис
- чувствителност на прашина
Кверцетинот може природно да ги ублажи симптомите и да ја намали реактивноста на телото.
Anti-aging ефект – подмладување на клетките и поддршка за мажите
Како што старееме, телото создава повеќе слободни радикали, а кај мажите се намалува и нивото на тестостерон.
Истражувањата покажуваат дека кверцетинот:
- може да го успори падот на тестостеронот
- ги штити клетките од стареење
- ја поддржува кожата и ткивата
- ги елиминира старите, оштетени клетки
Со тоа придонесува за подобра репродуктивна функција, повеќе енергија и подмладен изглед.
Кверцетинот е еден од најмоќните природни сојузници за здравје!
Антивоспалителен, антиоксидативен, антихистамински, неуропротективен…Кверцетинот заслужено го добива вниманието на научниците.
Неговата ефикасност се должи на уникатната способност да дејствува на повеќе системи во телото истовремено.
За разлика од обичните форми на кверцетин, новиот додаток на исхраната – Dr. Viton Quercetin содржи:
- FlaviPure® Quercetin (95% чистина) – високостабилна, силно апсорблива форма
- Бромелаин – подобра апсорпција и помало воспаление
- Цинк – поддршка за имунитетот
- Витамин Ц – антиоксидативна синергија
- Пиперин – до 30% подобра биорасположливост
Формула создадена за:
- полесно дишење
- посилна антиинфламаторна заштита
- здрав кардиоваскуларен и нервен систем
- помалку алергиски симптоми

Производот може да го нарачате ONLINE на следниот линк: https://alfalab.mk/proizvodi/quercetin/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
(Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)
Производот може да Ви биде доставен на адреса со брза пошта!


