Кралски леб

Вкусен, лесен, брз, рецепт за поинаков неделен појадок или лесна вечера. Одлично изгледа и да го послужите за гости. Искористете го вашиот омилен леб, бел, црн, интегрален, каков и да е. 

pull-apart-bread

Изрежете го лебот на ситни коцки по површината. Бидете внимателни, ножот не смее да стаса до дното на лебот.

Помеѓу коцките наредете парчиња вкусен млечен кашкавал по ваш избор. Убаво посолете и додатете оригано и зачини по желба. За да го збогатите вкусот на кралското лепче, ситно исечкајте едно до две млади кромитчиња и поросете ги озгора.

Завиткајте го лебот во алуминиумска фолија и печете во загреана рерна 15 минути. Потоа, извадете го лебот од алуминиумската фолија и вратете го назад во рерна уште 10 минути. Доколку имате посилна фурна печењето скратете го на 5 минути.

Добар апетит!