Корен од ѓумбир против болки во колената

Лицата кои страдаат од болки во колената, со консумирање на ѓумбирот, масло и риба, можат да го решат оваа непријатна состојба   

Луѓето кои страдаат од болки во колената, со јадење на ѓумбир, масло и риба, можат да ја решат оваа непријатна ситуација. Ефективноста на наведената храна има свои искуствени докази, а се подеднакво ефикасни, без оглед на возраста на пациентот или од причината за болка – тврди лекарот од Виена Хадемар Банкхофер. Проблемите, всушност, не мора да бидат секогаш причина за истрошен глужд, што е пак, карактеристика на постарото населението. Понекогаш се случуваат поради оштетување или поради наследни фактори.

Доктор Банкхофер тврди дека триењето масла од камилица, кантарион, маслинки, азиска “тигрина маст”, може да биде чудесно. Само е прашање на кој што му одговара, поради што овие масти мора прво да се испробаат. Во исхраната задолжително треба да вклучите морска риба, лосос, харинга и скуша. Овие видови на риби се богати со омега – 3 масни киселини, кои не само што го зајакнуваат срцето, но исто така и зглобовите.

Коренот од ѓумбир, всушност, може да биде ефективен. Лекот се подготвува така што од свеж корен ќе отсечете едно парче, ќе го изрендате и ќе нанесете на зглобот. Со цел да се зголеми ефектот, истовремено треба да пиете и чај од овие билки – зачини.

koren-od-gjumbir baner-prodazni-mesta