Во времето во кое живееме, сакале или не, сите ние сме приморани да размислуваме како да останеме здрави. И секој изминат ден се појасно ни станува дека освен што треба да ги почитуваме сите наложени мерки, повеќе од било кога порано, потребно е и да си го засилиме имунитетот!
Реиши или Ganoderma lucidum е една од најпроучуваните медицински печурки во светот, но дали таа е навистина најмоќен природен тоник за засилување на имунитетот?
Во традиционалната кинеска медицина, Реиши се смета за еден од најценетите тоници за здравје, виталност и долговечност, и поради своето супериорно дејство во минатото ја употребувале само императорите и луѓето од високите слоеви на општеството.
Реиши уште пред илјадници години се користела во медицински цели, за зголемување на виталноста, намалување на стресот, анксиозноста, депресијата, за подобрување на спиењето, но во денешно време најмногу се користи за зголемување на имунитетот, намалување на растот на туморите и за отстранување на хроничниот замор и истоштеност.
Биоактивното дејство на оваа печурка се должи на присуството на полисахариди, диететски влакна, олигосахариди, тритерпеноиди, пептиди и протеини, феноли и минерали (цинк, бакар,јод,селен и железо), витамини и амино киселини.
Имуномодулаторното дејство на Реиши, денес е и научно докажано и поткрепен со многубројни студии. Докажано е дека мицелиумот од Реиши има способност да го засили имунитетот, такашто делува врз клетките од имуниот систем и го стимулира нивното дејство.
Реиши успешно го засилува дејството на белите крвни клетки, на лимфоцитите, но и на НК клетките кои се неопходни за уништување на канцерогените клетки во телото.
Мицелиумот од Реиши има способност да воспостави баланс меѓу клеточниот и хуморален имунитет, што е неопходно за да се сопре растот на туморите.
Поради тоа што полисахаридите, бета глуканите и другите метаболити од печурката го стимулираат имуниот систем и го спречуваат растот на туморите, мицелиумот од Реиши се препорачува и како дополнување на конвенционалната онколошка терапија.
Бета глуканите од Реиши се едни од најдобро проучените полисахариди, тие се моќни имуномодулатори кои истовремено служат и како пребиотици за цревната флора.
При користење на Реиши не само што се зголемува имуната функција, туку истовремено се намалуваат воспалението и оксидативниот стрес во телото, затоа Реиши се употребува и како тоник за подобрување на општата здравствена состојба, кој обезбедува долговечност и виталност!
Светот во кој живееме денес е преплавен со болести и зарази, ние секојдневно сме на удар на некој инфективен агенс, а сега најодозгора на се тука е и COVID-19, и ако не си помогнеме сами никој друг нема да го стори тоа за нас.
Затоа да ги почитуваме мерките за одржување на лична хигиена, и меѓусебно дистанцирање, да се храниме најздраво што можеме, да спортуваме и да не се преморуваме и секако да ја збогатиме својата исхрана со проверени додатоци во исхраната кои го зголемуваат имунитетот, токму како Реиши!
NATURE ESSENTIAL – РЕИШИ можеш да ја купиш во аптеките на Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
NATURE ESSENTIAL – РЕИШИ можеш да го нарачаш онлајн на: https://alfalab.mk/proizvodi/reisi/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
(Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )