Кога размислувате за оброк-салата, топло ви ја препорачуваме оваа германска рецепта за која ви се потребни:
- 200гр млад компир исечен на кругови
- 200 грама боранија
- 3 лажици зејтин од сончоглед
- 3 главици млад кромид
- 2 лажици балзамик оцет
- 2 лажици свеж магданос
- 4 шољи млад спанаќ
- сол
Припрема:
Во засолен вода го варите компирот 8 минути. Последната минута ја ставате и боранијата. За тоа време на средна тепмпература го пржите младиот кромид и на крај му додавате балзамик оцет. Исцедете ги компирите и боранијата и додајте ги пржениот кромид и свежиот магданос. Зачинете со сол и бибер и сервирајте врз свежиот спанаќ.