Највкусното и најбараното овошје во овој период. За сите љубители на ова вкусно и освежително овошје ова е совршен избор за лесен и сладок десерт.
Состојки:
- 350 гр бисквити
- 300 мл млеко
За фил 1:
- 1 л вода
- 150 гр шеќер
- 500 гр праски
- 2 пудинга од ванила
За фил 2:
- 300 мл слатка павлака
- 200 мл кисела павлака
- 4 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 10 гр желатин
Подготовка:
Фил 1:
1. Излупете ги праските, одвојте ги од семки и исечете ги на коцки.
2. Во тенџере сипете 900 мл вода, додадете го шеќерот и оставете да зоврие. Потоа додадете ги праските, па оставете се заедно малку да поврие.
3. Посебно изматете ја преостанатата вода со пудингот од ванила, додадете го во водата со праски и варете додека да се згусне.
Фил 2:
1. Слатката павлака изматете ја во цврст шлаг.
2. Желатинот прелијте го со 4 лажици ладна вода и оставете го да набабри.
3. Киселата павлака изматете ја заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер, па соединете со шлагот од слатка павлака, желатинот и полека измешајте.
Завршна постапка:
1. Во соодветно тавче наредете ги бисквитите натопени во млеко.
2. Одозгоре прелијте со топлиот фил од праски и наредете натопени бисквити во млеко.
3. Оставете да се олади, а потоа премачкајте со фил и ставете го тавчето во фрижидер да се здрви.