Прекрасна освежителна торта со капини. Вкусен и лесен десерт. За љубителите на шумското овошје и тортите со киселкаст прелив ова е вистинскиот рецепт.
Состојки:
За кора:
250 гр мелени бисквити
160 гр маргарин
40 гр еурокрем
За фил:
500 гр сирење рикота
3 дл слатка павлака
160 гр шеќер во прав
10 гр желатин
1 дл млеко
За прелив од капини:
500 гр капини
4 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер
2 дл вода
10 гр желатин
Подготовка:
Кора:
1. Соединете ги мелените бисквити, омекнатиот маргарин и еурикремот и рачно измесете.
Фил:
1. Слатката павлака изматете ја убаво за да добиете цврст шлаг.
2. Соединете ги рикота сирењето и шеќерот во прав, па додадете го шлагот од слатка павлака и полека измешајте.
3. Желатинот прелијте го со 4 лажици ладна вода и оставете го да набабри. Потоа соединете го со топлото млеко и полека измешајте да се стопи.
4. Смесата од сирење соединете ја со желатинот и повторно измешајте.
Прелив од капини:
1. Желатинот прелијте го со 4 лажици ладна вода и оставете го да набабри.
2. Соединете ги капините, водата, ванилиниот шеќер и шеќерот да провријат.
Потоа додадете го желатинот и мешајте додека да се стопи. Кога ќе се стопи тргнете го од шпоретот и оставете да се олади.
Завршна постапка:
1. Од смесата со бисквити во соодеветен калап рачно обликувајте ја кората.
2. Преку обликуваната кора прелијте го филот од сирење и оставете го да се здрви во фрижидер.
3. На крајот филот од сирење прелијте го со смесата од желатин и капини и вратете ја во фрижидер да се здрви.