Според една неодамнешна швајцарска студија, внесувањето на кофеин во организмот преку кока-кола, енергетски пијалаци или кафе, го забавува развојот на мозокот на тинејџерите.
Бидејќи кофеинот ве одржува будни, недостатокот од спиење го спречува правилниот развој на телото за време на адолесценцијата, со што се зголемува ризикот од шизофренија, анксиозност и други ментални нарушувања.
Една лименка енергетски пијалак содржи 80 мг кофеин, а една чаша Кока-Кола или Пепси е составена од околу 50 мг од оваа супстанција.
Експертите велат дека еден здрав човек може да внесува максимум 400 мг кофеин на ден, а тоа што ги загрижува нив е фактот дека просечен тинејџер троши 70 проценти повеќе од оваа супстанција во однос на осумдесеттите години на минатиот век. Затоа се препорачува овие пијалаци, поради ризикот по менталното здравје, целосно да не се употребуваат, или внесувањето да се сведе на минимум, особено во адолесценцијата, кога мозокот е најранлив, бидејќи се уште се развива.