Ф’стаците се богати со антиоксиданси, особено витамин Е, каротен и полифеноли, а содржат и изобилство на токофероли (дури 23 g во 100 гр)кои покрај витаминот Е ја заштитуваат и потхрануваат кожата, а ја спречуваат и појавата на рак .
Овие јаткасти плодови се богат извор на витамините Б комплекс, флавин, тиамин, ниацин, фолна киселина, витамин Б6 и пантотеинска киселина , додека кога станува збор за минералите, содржат големо количество на манган, калиум, магнезиум, цинк, селен, железо.
Исто така изобилуваат со бакар (100гр ф’стаци задоволува секојдневните потреби на овој важен минерал), кој помага да се создаде хемоглобин во крвта, ја олеснува апсорпцијата и искористувањето на железото,го контролира крвниот притисок и отчукувањата на срцето, ги зајакнува крвните садови, тетивите и нервите.
Можеби најважниот елемент кој ф’стаците го содржат е олеинската киселина која го намалува нивото на лошиот холестерол, а го подигнува нивото на добриот.
Само 30 g ф’стаци на ден ги задоволуваат потребите за диететски влакна, моно незаситени масни киселини и антиоксиданси.