Покрај тоа што уживате во неговиот вкус со слатките и пецивата, зачинот познат како Ким има и здравствени придобивки меѓу кои:
Против надуеност и гасови – Етеричното масло на ким ги поттикнува функциите на желудникот и жолчката, делува смирувачки на цревата, ги ублажува грчевите и помага при исфрлање на гасови. Најдобро е да изедете десетина семки од ким или да направите чај : лажичка од здробени семки, прелијте ги со шолја зовриена вода и оставете да одстои пет минути. Благиот чај од ким се дава дури и на бебињата кои имаат проблеми со грчевите.
За подобра лактација – Чајот од ким можат да го користат и доилките кои имаат малку млеко, бидејќи овој пијалак ја стимулира лактацијата.