Според истражувањата, кељот ги содржи потребните хранливи материи кои се клучни за превенција и намалување на ризикот од рак на бешика, рак на дојка, јајници, плуќа, простата и колоректален карцином.
Како броколито, така и кељот треба кратко да се приготвува, најдобро би било да го приготвувате на пареа, бидејќи содржи ензим мирозиназа кој се уништува со готвењето. Овој ензим ја претвораат глукозинолата и сулфурните соединенија во исотиоцијанати кои имаат антиканцерогени својства.
Иако се смета за зимско растение, го има во текот на целата година. Во зима е посладок, ако овене или стане кафен, малку е погорчлив. Може да ги замени спанаќот или зелката.
Александра Малова