Ако сакаме да се храниме здраво, не можеме да го постигнеме тоа без зелен листест зеленчук. Зеленчук кој спаѓа во самиот врв на здравата исхрана е кељот. Достапен е на секој чекор, економичен е и не постојат изговори за да не го внесете во вашата исхрана, додека постојат многу причини.
Една од најважните информации поврзани со кељот е тоа дека овој зеленчук содржи поголема количина калциум од млекото, а што е уште поважно е тоа дека кељот содржи и магнезиум кој му помага на калциумот подобро да се апсорбира во организмот. Кељот е еден од најголемите природни извори на витаминот К кој е многу важен за работата на метаболизмот и распределбата на калциумот во коските.
Овој зеленчук содржи висока концентрација на антиоксидантите флавоноид и каротиноид, кои со редовно конзумирање можат да го намалат ризикот од појава на канцерогени болести, па дури и да помогне при лечењето на некои типови на канцер како рак на бешиката, јајниците, дебелото црево, дојките и простатата. Богат е со омега 3 масни киселини, кои нам ни го штитат срцето и крвните садови, а само 100 калории од овој зеленчук содржи 20-25% од препорачаната дневна доза на омега 3.
Кељот е еден од главните состојки во здравите шејкови и третманите за детоксификација бидејќи содржи супстанци кои ги регулираат токсините во нашиот организам. За здрав шејк од кељ кој ќе го заштити здравјето на вашата кожа испасирајте кељ, една банана, јаболко, малку цимет и лажичка мед со шоља немасен јогурт и уживајте.