Истражувањата покажуваат дека бројот на бактерии кои живеат во и на човекот е бројот на човечки клетки во најмалку десетина потенции. Во дигестивниот систем на возрасен маж се наоѓаат неколку килограми бактерии (X00 000 000 000 000 000 000), кои според некои извори сочинуваат 80% од нашиот имунолошки систем. Во цревата наоѓаме и голем број на нервни клетки (100.000.000), кој е приближно еднаков на бројот на мозочните клетки, па така во цревата се излачува и до 95% од важниот невротрансмитер, серотонинот.
Серотонинот го смирува дигестивниот систем, и праќа пораки од стомакот до мозокот. Важен е за менталното здравје при депресија, анксиозност …
Нарушувањата на цревната флора (лоши бактериски состав, прекумерно размножување на патогените видови на бактерии, прекумерно размножување на габата Candida albicans), според експертите, вклучувајќи ја и др. Наташа Кембел Мекбрајд, може да предизвикаат освен дигестивни проблеми (пролив, запек, подуеност, абдоминална болка) и хронични невролошки проблеми. Така, студиите покажаа дека на аутистичните луѓе заеднички проблем се сериозните нарушувања на цревната флора (dysbiosis). Д-р Наташа Кембел Мекбрајд во нејзините трудови ја поврзала диосбиозата со психолошките нарушувања како АДХД, дислексија, диспраксија, аутизам и други и овој феномен го нарекла GAPS (стомачен и психолошки синдром).
Долгорочно, нарушувањата на цревната флора предизвикуваат прекини со искористување на хранливите материи, како и хронично труење со супстанции кои излачуваат патогени бактерии и габи. Со ферментација на јаглехидрати, настануваат и алкохоли, па затоа ваквите ситуации се особено тешки за децата чиј мозок е во развој. Од таму имаме уште една сериозна опасност од слатки за децата. Лицата со аутизам речиси моментално реагираат на елиминирање на слатки, глутен и казеин од исхраната што е потврда за тоа колку е исхраната поврзана со психолошкото нарушување.
Но, не плашете се од млекото. Сирово, несварено млеко особено од пасните животни е дел од третманот за аутизмот, бидејќи тоа ја штити и негува цревната флора и го регенерира целиот организам поради неверојатните лековити својства. Казеинот е денатуриран казеин уништен од високи температури (до 150 ° C ) во процесот на пастеризација, особено во UHT – процесот.
Невролошки нарушувања предизвикани од диосбиозите прво се забележуваат во тешкотиите со активности кои се и најсложените, како внимание, комуникација и говор.
Кандида во стомачниот ѕид се нафаќа со коренчиња, ризоиди кои кога кандидата ги остава зад себе оставаат мали дупки во ѕидовите на цревата преку кои несварените супстанции или токсини од лошото варење може да влезат директно во крвотокот.
Според некои автори, доколку цревната флора (која како лигава маса го обложува цревото од внатре) е здрава, не треба премногу да се плашиме ниту од штетни хемикалии ниту од тешки метали како на пример од рибата, бидејќи тоа е всушност задача на селективната пропустливост на цревната флора, инактивирање и протерување на такви супстанции преку изметот.
Сепак, луѓето кои консумираат многу јаглени хидрати, а особено ако не внесуваат пробиотичка култура било преку млечна ферментирана храна, било по пат на ферментиран зеленчук, може да претставуваат сериозен проблем.
Затоа е пожелно да се намалат јаглехидратите на минимум (со самото тоа и акцентот на исхраната со јаглехидрати да го вратиме на старите добри квалитетни животински масти), а да обрнеме внимание на внесот на високо квалитетни пробиотици.