Како вистински да го забавите опаѓањето на колагенот?

Колагенот е основната градбена единица на кожата, протеин кој не ѝ дозволува да виси давајќи ѝ го оној пополнет и младешки изглед.

Речиси сите посакувани карактеристики на здравата кожа се должат на колагенот, колку поголема количина од протеинот имате, толку поцврст, пополнет, посвеж, изглед ќе има вашата кожа.

Лошата вест е тоа што продукцијата на колаген почнува да опаѓа во средината на 20-тите години, а менопаузата ја намалува продукцијата за неверојатни 30 %.

Освен годините кои го забавуваат, колагенот има неколку непријатели кои го кршат како цигарите, алкохолот, УВ зраците.

Прашањето е, дали вклучувањето на колаген во режимот за нега може да направи разлика? Да, но ако доаѓа во хидролизиран облик и ако е поддржан од две клучни состојки како Ретинол и Витамин Ц. Зошто?

Колагенот по природа е една огромна молекула која многу тешко пенетрира во кожата. Затоа, неопходно е да се распадне по хемиски пат во помали ланци на аминокиселини наречени пептиди.

Дерматолозите веруваат дека овие пептиди можат да ги пробијат клетките во надворешниот слој од кожата, да дојдат до дермисот и да обезбедат градбени блокови за фибробластите да создадат нов колаген.

Ретинолот научно докажано промовира продукција на колаген. Антиоксидантите како витаминот Ц делува на воспаленијата кои го оштетуваат колагенот во кожата.

И сега замислете, да постои производ кој на листата состојки ги има овие три клучни поттикнувачи на колагенот? Епа има, и тоа спакуван со состојка плус – 24 каратно златно во микро честички кое исто така го забавува стереењето.

Мислиме на Dr. Viton – Collagen Golden Mask, најмоќната маска која посветено работи на поттикнување на колагенот, а во меѓувреме ја хидратира кожата, ја зголемува нејзината еластичност, ја осветлува и измазнува, максимално зголемувајќи ја нејзината одбранбена моќ од сите надворешни агресори.

Овој кралски повеќенаменски третман ќе го засакате на прва, бидејќи дава инстант резултати. Бидете редовни и ќе успеете да го забавите намалувањето на посакуваниот колаген, дури и ќе ги обновите резервите.

Dr. Viton – Collagen Golden Mask можеш да ја купиш во аптеките на  Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Dr. Viton – Collagen Golden Mask можеш да ја нарачаш онлајн на

https://alfalab.mk/proizvodi/collagen-golden-mask

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )