Ќе ви откриеме неколку предлози како би можеле да се ослободите од наслагите околу половината.
Сите знаеме дека јогуртот е добар за нашето здравје, но дали знаевте дека тој е добар и за стомачните мускули? За да имате тенок и совршен струк нутрициониската Ранија Батејни советува да користите Грчки јогурт: „Пробиотиците кои се наоѓаат во јогуртот се добри за дигестивниот систем бидејќи ја намалуваат надуеноста, гасовите и запекот“.
Нутриционистката и сертифициран личен тренер Ерин Палински не потсетува зошто треба да ги избегнуваме газираните пијалаци: “Овие пијалаци се полни со гас и можат да ви го наполнат стомакот со воздух, кој ќе предизвика надуеност,” вели Палински. “Наместо тоа, посегнете по ниско-калорични или пијалаци богати со антиоксиданси, како што е зелениот чај,” советува таа.
Избегнувајте го белото брашно и белиот ориз бидејќи тие многу брзо се варат и предизвикуваат нагло покачување на шеќерот во крвта. „ Зголеменото лачење на инсулин доведува до создавање на масни наслаги во делот на стомакот“, објаснува Палински.
Белиот леб заменете го со житарки, леќа и кафеав ориз. Едно неодамнешно истражување направено во Америка Покажа дека начинот на исхрана кој се базира на контрола на количеството на калори и консумирањето на цели житарки значително ги намалува вишокот на масти околу стомакот кај дебелите луѓе. Тоа е така затоа што инсулинот бавно реагира на целите житарки кои побавно се варат во однос на простите јаглехидрати кои полесно се претвораат во масни резерви.
Новите истражувања покажаа дека исхраната која е богата со монозаситени масти како што е маслиновото масло помага во слабеењето, посебно во намалувањето на струкот. Научниците тврдат дека со консумирањето на овие производи ќе ги намалите „перничињата“ дури и ако не ги редуцирате калориите.
Дали некогаш сте се запрашале зошто ви е надуван стомакот откако ќе јадете кинеска храна или суши зачинети со соја сос? Храната со висок процент на натриум предизвикува течностите да се задржат во телото. „ Кога ги задржуваме течностите стомакот изгледа поголем и надуван, покривајќи ги тешко стекнатите стомачни мускули“, објаснува Палински.
Еве уште еден од начините на кој можете да го намалите обемот на струкот. Всушност, една Јапонска студија покажа дека состојката која на оцетот му ја дава киселоста многу добро се бори против мастите.
Докажано е дека лицата кои земале по една до две лажици јаболков оцет на ден во период од 12 недели значително ги намалиле обемот и тежината.