Како да престанете да грицкате нокти ?

Доколку спаѓате во оние луѓе кои неможат да се откажат од грицкање нокти, прочитајте ги овие десет совети. Ова не е само лоша навика, туку може да предизвика сериозни проблеми и инфекции, а исто така и естетски изгледа лошо.

Контролирајте се! Запознајте се себеси и своите навики така што ќе посветите внимание на тоа во кои ситуации најчесто грицкате нокти и какви ви се емоциите додека го правите тоа. Најверојатно, ќе откриете нешто што ќе може да ви помогне во понатамошното одвикнување .

Дали сакате убави нокти? Сигурни сме дека одговоривте потврдно. Затоа, замислете дека имате убави, здрави и долги нокти. Започнете со еден нокт. Ако успеете со еден тоа може да ви биде мотив да продолжите и со останатите.

Чекор по чекор. Поставете си себеси прво краткорочни цели и пробајте да ги остварите. Тие ќе ве водат кон долгорочните. Колку подолго се однесувате во согласност со поставените цели и наградата ќе биде поголема. Ако не сте свесни секогаш кога ги грицкате ноктите, замолете некој близок да ве потсети и да ве опомени секогаш кога тоа го правите.

Брзи решенија. Можете да употребувате лак за нокти или посебни креми против грицкање. Вкусот на тие средства е горчлив и непријатен. Меѓутоа, ако со време се навикнете на тој вкус и повторно почнете да ги грицкате ноктите – заменете го тоа средство со некое друго. Исто така брзо и ефикасно можете да ги заштитите своите нокти во салоните за убавина со ставање на вештачки нокти.

Најдете си некоја друга навика. Некои луѓе сакаат да крцкаат со прстите, а на вас може да ви биде доволно да ги контролирате своите дланки, или да изберете некоја креативна навика, на пр.цртање.

Скријте ги ноктите. Можете да ги скриете ноктите и така да му се спротивставите на искушението. Ставете ракавици или селотејп. На котикулите и оштетената кожа нанесете крема за побрзо да ги намалите  последиците од грицкањето.

Не ги средувајте со заби. Секогаш имајте при рака сет за нокти, на тој начин нема да се доведете во искушение ако имате турпија или исечете го ноктот, ако наеднаш заклучите дека ноктите ви се премногу долги.

Бидете упорни. Грицкањето на нокти е навика од која можете да се ослободите многу брзо. Мора да имате трпение ,самодисциплина и желба.