Како да појдеш на интервју без трема и стрес?

Најнормално е да се чувствуваш напнато и под стрес пред некое важно интервју за работа.

Но, за да си ги зголемиш шансите за токму ти да ја добиеш таа работа, неопходно е да го препознаеш моментот кога твоето тело ќе започне негативно да реагира на твоите емоции и да се обидеш да најдеш брз начин за да се справиш со негативните ефекти на стресот.

Обиди се да примениш некои од техниките за менаџирање на стресот, зашто токму тие може да ти помогнат да се чувствуваш порелаксирано и посамоуверено за време на твоето интервју.

Еве што би можело да ти помогне:

Визуелизација

Непосредно пред почетокот на интервјуто, одвој си време и најди тивко и мирно место каде би можел да се сталожиш, да ги затвориш очите и сликовито да замислиш како веќе да си на интервју. Обиди се во замислата да бидеш сигурен во себе, успешен и насочен кон целтта што сакаш да ја постигнеш.

Замисли го секој детаљ и почувствувај ги сите емоции кои се будат во тебе кога во умот гледаш како ја добиваш саканата работа, и ја напушташ просторијата со голема насмевка на лицето.

Секако дека освен што ќе ја примениш техниката на визуелизација, за да ја добиеш твојата работа од соништата, неопходно е добро да се  подготвиш за интервјуто. На овој начин и дополнително ќе се осигураш дека се ќе оди како подмачкано и без премногу стрес.

Протегнување

Протегнувањето на телото секогаш релаксира и ослободува од напнатост, затоа протегни се неколку пати пред да отидеш на закажаниот разговор.

Еве што би можел да направиш:

Седни и истегни ги рацете хоризонтално пред тебе, сврти ја опачината на дланките кон себе и испреплети ги прстите, потоа подигни ги рацете високо над твојата глава и обиди се да ја ослободиш напнатоста во рамениците, рацете и дланките. Задржи се во таа положба околу 5 секунди и потоа отпушти.

Следно, за да го опуштиш напнатиот врат и рамења, свиткај ја главата нанапред со брадата кон градите и вдиши, и потоа откако ќе го свртиш твојот врат налево издиши. Држи ја брадата доле и вдиши кога ќе ја подигнеш повторно главата во исправена положба. Полека свиткај го вратот на десно и издиши додека вратот ти е во таа положба. Повтори неколку пати на секоја страна.

Позитивно афирмирање

Практикувањето на позитивни афирмации многу помага за отклонување на стресот, и е пожелно истото да се прави и пред некој важен животен настан, како што е и интервјуто за нов работен ангажман.

Пред да почнеш прво размисли што е тоа што најмногу те загрижува во врска со интервјуто?

И што и да е тоа, веднаш смисли содветни позитивни афирмации за да го неутрализираш она што те мачи.

На пример, ако те загрижува тоа што можеби од премногу трема можно е да не говориш јасно, смисли си позитивна афирмација од типот: „Јас сега говорам разбирливо и јасно!“

И повторувај ја се додека не почувствуваш дека стравот е намален или надминат и твојот оптимизам е повторно тука.

Позитивните афирмации поттикнуваат на позитивен начин на размислување и успешно ја трансформираат негативната мисла и емоција во позитивна, со што можноста за успех, не само на конкретното интервју, туку воопшто и во животот многу се зголемува.

Колку и да звучи смешно, многу луѓе пијат и апче за смирување пред интервју. Или подобро кажано, ретко кој не пие. Ако процените дека на вашето тело му е потребна поткрепа од овој тип, тогаш посегнете по Dr. Viton Magnezan B6. Една таблетка нема да смени многу, бидејќи ова е сосем природен додаток, но доволно е да го пиете една недела пред интервјуто за да направите разлика. 

Како делува? Dr. Viton Magnezan B6 е интересна комбинација на магнезиум и витамин Б6 кои имаат слично дејство, ги штитат клетките од стрес, го смируваат срцето, го изоструваат мозокот, на тој начин што одржуваат нормално ниво на кортизол во крвта. Кога кортизилот високо котира, стресот може да донесе низа последици и да ве фрли во депресија.

Затоа, намалете ја тензијата што ја чувствувате дури и во мускулите, олабавете се со Dr. Viton Magnezan B6, тој нема да дозволи тремата да ви го загрози менталниот капацитет. 

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)