Како да ја најдете вашата г-точка?

Недофатливата Г-точка е една од најмногу дискутираните теми кога станува збор за сексуалното здравје на жените. Во основа, тоа е наука спроти женските анегдоти : некои студии заклучија дека тоа едноставно не постои, кои ги збунуваат жените кои кога ќе ги слушнат резултатите од ваков вид си помислуваат : „Добро, тогаш што по ѓаволите правев синоќа?“.

„Има многу жени кои велат дека тоа е место кое е енормно ерогено и различно од други места во вагиналниот канал,“ вели Ивон К. Фулбрајт, доктор по медицина, воспитувач по сексологија и автор на книгата „Жежок секси разговор за заведување на било кој љубовник“. „Признавам, дека за некои жени Г-точката не е жешка ’точка’ исто како, на пример брадавиците, кои пак за некои луѓе не се ерогени.“ За оние кои се сигурни дека Г-точката постои, но им треба малку помош да ја пронајдат, еве како да го направат тоа.

Поврзано со ова : Четири оргазми  кои секоја жена треба да ги има

Што е всушност Г-точка?

Ако верувате во нешта, Г-точката е како сексуална верзија на јавање на магичниот килим, може да ви го отвори сосема новиот свет на задоволства. „Тоа е мало како сунѓер еректилно нервно ткиво, парауретрални канали и жлезди и крвни садови, кои може да бидат ерогени за многу жени во текот на сексуалното возбудување,“ вели Фулбрајт. Г-точката е сместена помеѓу срамната коска и предниот дел од матката, на околу 5 сантиметри во вагиналниот отвор од предниот ѕид на вашата вагина (оној поблискиот до вашиот стомак, не грбот).

[rpi]

Како ја наоѓате?

Пред да почнете да истражувате, малку домашна задача : расположете се сексуално. Кога сте возбудени, струи повеќе крв низ карличниот регион и местото се зголемува и е погрубо од остатокот на другото внатре. „Ако не сте возбудени, тешко дека ќе го почувствувате ова место,“ вели Фулбрајт. Затоа запалете некоја свеќичка, фантазирајте, пуштете малку порно или правете што ви се допаѓа. Кога целосно ќе се возбудите, ставете добро намачкани два-три прста околу 5 сантиметри внатре. Почувствувајте го тоа грубо место, кое може да е мало колку вашиот нокот на раката или големо колку половина долар,“ вели Фулбрајт.

Поврзано со ова : Девет позиции кои гарантираат оргазам

ОК, што сега?

Откако ќе ја најдете (добро завршена работа), цврсто притиснете го местото. Пробајте со циркуларни движења или техника ’горе-долу’,“ вели Фулбрајт. Друг популарен метод е да ги движите прстите како да командирате, „дојди ваму“, каков што сте всушност и вие, нели? Имајте на ум дека Г-точката всушност не е на предниот ѕид од вагината. Всушност, тоа е нешто што ќе го почувствувате во центарот на предниот ѕид или малку на лево или десно од центарот. Бидејќи, не е баш таму, можеби ќе ви треба повеќе притисок, отколку што мислевте.

Оргазам и мокрење

Ако досега се чувствувате добро, зголемете го ритамот и креирајте повеќе триење како што се зголемуваат шансите за оргазам. „Со стимулирање на областа ќе се создадат чувства, доколку е тоа ’жешко’ место за вас. Некои девојки тоа го опишаа како топло, срамежливо чувство низ сите гениталии и телото,“ вели Фулбрајт. „Други пак, велат дека многу повеќе се ’навлажниле’.“Уште подобро, таа вели дека жените кои имале оргазам на Г-точката се чувствувале поисполнети, повеќе возбудени, со повеќе емоции и со поголема телесна исполнетост отколку со клиторисот. Се разбира, ако не го допрете големото’О’, но сепак се чувствувате лудо и добро, тоа е исто така, извонредно чувство. Познавањето на своето тело е секогаш добро.

Ако сте заинтересирани за мокрење или женска ејакулација, допирајќи ја Г-точката, тоа може да биде добар начин да се направи. Иако постои едно трајно прашање околу тоа дали мокрењето е само уринирање во текот на секс, по некои експерти, експериментирање со Г-точката може да помогне во тоа. „Стимулирање на Г-точката често пати е истражување на нечиј потенцијал да мокри, бидејќи ејакулацијата често се случува кога жената уринира, што не значи дека достигнува климакс со Г-точката,“ вели Фулбрајт. Ако сте премногу заинтригирани, но загрижени за случајно уринирање, одете прво во бањата. Среќно експериментирање!