Која храна може да го намали холестеролот?
Има поголем број на вида на јадења кои можат потенцијално да го намалат холестеролот во крвта преку различни механизми. Најдобар ефект се постигнува ако се комбинираат различните типови на храна. Најочигледниот начин да се намали холестеролот е да се избегнува храна богата со холестерол. Храна која треба да се избегнува е црвено месо, јајца и сладолед кои се богати со холестерол. Но ако имате фамилијарна историја на холестерол треба да направите нешто повеќе за да го намалите и да го одржите ниското ниво на холестерол.
Ниацинот или витамин Д3 може да ја намали синтезата на холестеролот во црниот дроб. Го намалува нивото на LDL и може да го зголеми нивото на HDL. Ниацинот го има во пилешкото месо, туната и лососот, а од растенијата може да се најде во авокадото, доматот, броколата, морковот, аспарагусот, семкастите овошја, легуминозите и печурките.
Некои членови на витамин Е фамилијата (токотриноли) можат да ја инхибираат синтезата на холестеролот од страна на црниот дроб. Многу од растенијата што го содржат ниацинот содржат и високи нивоа на витамин Е. Намалениот внес на јаглехидрати можат да го намалат нивото на холестерол, а ова е така поради намаленото излачување на инсулин кој има улога во синтезата на холестеролот. Неговиот опонент глукагонот може да го намали нивото на холестерол па така диета богата со протеини и сиромашна со јаглехидрати го намалува нивото на излачен инсулин а го зголемува нивото на глукагон кои заедно влијаат да се намали количеството на синтетизиран холестерол.
Треба да се избегнува и фруктозата зошто може да ја зголеми концентрацијата на LDL честички и затоа треба се избегнува преработена храна која содржи високо ниво на фруктоза како и да се избегнува обичниот шеќер. Исто така треба исхраната да содржи многу антиоксиданси зошто можат да ги намалат лошите ефекти од LDL холестеролот.