Во оние денови од месецот секоја жена сака да остане во кревет и да не разговара со никого. Деновите на ПМС речиси секогаш знаат да бидат многу тешки, особено доколку се проследени со болки и грчеви. Обидете се да го подобрите расположението и да ги игнорирате промените кои се случуваат тие со неколку совети и предлози кои ќе ви ги понудиме.
1.Внесувајте повеќе витамини, особено од Б група
Б витамините се познати за намалување на ПМС симптомите. Помагаат при лошо расположение, нервоза, анксиозност, грчеви и омалаксаност. Обидете се овие денови да консумирате повеќе јаткасти плодови, сирење, говедско месо, ориз, кикирики, семки од сончоглед и ореви.
2.Внимавајте на количината шеќер што го внесувате во текот на денот
Сите имаме потреба од благо во оние денови и секогаш ги користиме како изговор, но вистината е дека шеќерот може многу силно да влијае на вашите хормони, а со самото тоа и на поголеми ПМС симптоми. После овалуацијата, две недели пред менструалниот циклус, во крвните садови доаѓа до зголемена активност на инсулинот, па со самото тоа се зголемува и желбата и потребата за слатки работи. Во тие денови подобар избор се протеини, храна богата со влакна, зеленчук и здрави масти.
3.Редовно вежбање и јога
Знам дека ова е последното нешто на кое мислите тие денови, но тоа е најдобрата идеја! Вежбањето го излачува хормонот серотонин или познат како хормон на среќата кој ќе ви помогне да го избегнете лошото расположение. Јогата е уште еден одличен избор за смирување и ослободување од симптомите на ПМС.
4.Темно чоколадо
Моето омилено. Вкусното темно чоколадо содржи природни состојки за подигање на расположението, како и магнезиум, омега 3 масни киселини и мали количини на шеќер. Ова е дефинитивно добитната комбинација за борбата против негативните симптоми на ПМС.
Најчестите знаци и симптоми на предменструалниот синдром се групираат во две групи.
Емоционални симптоми и промени во однесувањето:
- Анксиозност и вознемиреност;
- Депресивни знаци;
- Плачење и смеење во исто време;
- Промени во расположението;
- Нервоза и лутина;
- Проблеми со спиењето (инсомнија);
- Недостаток на концентрација.
Физички симптоми:
- Главоболка и болка во кичмата;
- Постојан замор;
- Болки во мускулите и зглобовите;
- Зголемување на тежината поради задржување на течности;
- Подуен стомак;
- Чувствителност и подуеност на градите;
- Појава на акни;
Нека не ве заплашува овој долг список на симптоми, голем број жени имаат дел, или неколку од нив, а кај повеќето овие симптоми исчезнуваат по започнувањето на менструацијата. Затоа придржувајте се кон здрава исхрана, редовна физичка активност и заборавете на сите проблеми!