Интровертните на свој начин комуницираат со светот

Едните се бучни, секогаш насмеани, опкружени со луѓе, а другите се потивки, знаат да бидат и сами и знаат да се насмеат кога е потребно. Екстровертните и интровертните луѓе се навидум исти, но начинот на кој се справуваат со светот, многу ја издава нивната наклонетост.

Доволна е одредена супстанца или сцена која ќе го стимулира централниот нервен систем повеќе од потребното (иако тоа многу лесно се случува) за интровертните да се чувствуваат многу возбудено или уморно, за разлика од екстровертните кои би биле хиперактивни и ангажирани.

„Срамежливоста е поврзана со стравот од социјална осуда. Интровертноста е повеќе поврзана со тоа како луѓето одговараат на социјална стимулација. Така, екстровертните се желни за многу голема надворешна стимулација, интровертните се најпродуктивни во мир и тишина.“ – вели Susan Cain.

d92b729d0004468da89d45f7cc4b3d39

Еве неколку начини, како интровертните комуницираат со средината:

  • Се повлекуваат во метеж: Бидејќи живееме во многу динамично темпо и свет на големи бизниси, се селиме во големи градови и наместо да работиме со луѓе кои ги знаеме цел живот, мораме да се докажуваме пред непознати и да се бориме. Интровертните лесно се „проголтани“ во тој метеж и се чувстуваат како некој да им ја одзел цела енергија.
  • Кратките разговори ги вознемируваат, а долгите ги возбудуваат: Интровертните се чувстуваат здодевно кога треба да зборуваат за времето, додека филозофските прашања за животот,љубота и емоциите ги инспирираат.
  • Држењето говори е во ред, сѐ додека може да се избегнат кратките разговори подоцна: половина од луѓето кои држат говори, се интровертни по природа и истата таа половина си ја обожува својата работа, а го избегнува одговарањето на кратки прашања после.
  • Лесно ќе им го одземете вниманието, но нема да им биде досадно: бидејќи лесно реагираат на стимулација, бргу ќе им го одвлечете вниманието. Но, оставете ги во соба сами…нема да им биде досадно.
  • Кога се опкружени со луѓе, често се сместуваат поблиску до излезот.
  • Не го преземаат расположението од околината како екстровертните: ретко знаат да „одглумат“ кога сите „коцки не им се наредени“ само затоа што средината го налага тоа.
  • Не поднесуваат да зборуваат со телефон: особено не со луѓе кои не ги познаваат и особено за нешта кои не ги сакаат.
  • Буквално се исклучуваат кога е време да бидат сами. introvert