Еве уште еден интересен нов факт#1: Кафето може да биде невиден извор на енергија, особено за луѓе кои сакаат да ја зголемат својата енергија наутро, веднаш штом се разбудат. Луѓето често имаат тешкотии при заспивање, особено ако причината е главоболка, или каква било болка, кафето може да помогне да се намали таа болка. Голем број студии покажале дека кофеинот во кафето ја намалува болката многу повеќе и побрзо од оние лекови за болки како ибупрофен и лекови кои одат исклучиво на рецепт како морфиум. Кофеинот помага за ослободување од болките и ја намалува хиперсензитивноста, нешто што во истражувањето не успеале ни многу потешки лекови како морфин, ибупрофен и сл.
Факт#2: Кфето има позитивен ефект врз воспаленија, особено за воспалениот црн дроб, бидејќи црниот дроб е местото каде што друга студија ја пронајде најголемата корист од пиењето кафе. Истражувачите во една студија забележале дека пиењето кафе ја намалува оштетената ДНК во крвните клетки и го спречува оштетувањето. Луѓето кои имаат историја на злоупотреба на алкохол, односно пиење во големи количини, исто така, имаат многу поголем ризик. Истражувањето направено од страна на научниците во Лондонскиот Светски фонд за истражување на ракот, откри во 2016 година дека пиењето три алкохолни пијалоци дневно може да биде доволно за да предизвика рак на црниот дроб. Аманда Меклин, директор на Светскиот фонд за истражување на ракот во Велика Британија, рече: „Околу три или повеќе пијалоци дневно може да биде доволно за да предизвика рак на црниот дроб. Досега бевме несигурни во однос на количеството алкохол што може да доведе до рак на црниот дроб. Но, истражувањето разгледано во овој извештај е доволно силно, за прв пат да биде изнесена поконкретна изјава во врска со оваа тешка болест“
Факт#3: Се препорачува пиење по минумум една чаша кафе дневно за заштита на црниот дроб. Кофеинот го штити здравјето на црниот дроб, спречувајќи рак на црниот дроб и уште неколку видови рак. Но сепак со ништо не треба да се претерува. Експертите предупредуваат дека бремените жени, особено треба да внимаваат на внесот на кофеин бидејќи може да предизвика несакани ефекти. Меѓу овие несакани ефекти се вбројуваат забрзана срцева фрекфенција, нервоза која може да биде доволно сериозна за да се нарече анксиозност, раздразливост, па дури и мускулни потреси. Вишокот кофеин од кафе или чај може да доведе до уринарна инконтиненција и несоница. Еве уште нешто што треба да се забележи и запамети: Да, кафето е добро за целокупното здравје, но не смее да се предупредува, многу е важна комбинацијата со што го пиете кафето, дали е црно кафе, дали ставате шеќер или засладувач, со шлаг, без крем, млечни замени или вештачки засладувачи за кафе. Покрај тоа, кафето е многу високо хемиски контаминирана култура, така што секогаш потрудете се да најдете органска сорта, каде зрната се одгледуваат на убави и органски плантажи.