Инстант совети за дами за интензивен & постојан оргазам

Околу 10% од жените никогаш не доживеале оргазам за време на сексуалните односи или при мастурбацијата, тврди Др. Лоан Кол дипломиран водечки психотерапевт во областа на сексологијата и брачното советување во САД и автор на книгата “Секс материја”.

Според неа, преку соодветна терапија, жените можат да се научат да достигнат до врвовите на задоволството од половиот контакт со својот сакан човек. За таа цел жената прво треба да развие вештини да балансира меѓу интензивните и релаксирачките активности за време на сексот.

Погрешно е сфаќањето дека жената може да искуси задоволство само ако се отпушти. Збунетоста доаѓа од таму што на жените всушност им се дава овој совет за време на сексот. За да се достигне оргазам всушност, е потребно активирање на мускулите и тестирање на тензијата во нив. Во медицинскиот јазик феноменот е познат како миотонија. Др. Лоан Кол вели дека во практиката дел од жените успеваат да стигнат до врвовите задоволството со вклучување на мускулите на нозете и стомакот.

При оргазмот, жените имаат контракции на мускулите во малата карлица, истите кои им помагаат и за задржување на урината. Ритмичката контракција на овие мускули ја забрзува циркулацијата и доведува до повисок прилив на крв во гениталиите. Протокот на крв и контракцијата на мускулите се тесно поврзани со возбудата.

За да стигне до оргазам, жената всушност треба да се опушти и да ги исфрли од мислите сите проблеми. Се разбира, напнатоста, неспокојството, анксиозноста и воопшто негативните мисли можат само да му наштетат на процесот на возбуда.

Првата препорака на експертите е практична. На прв поглед – изгледа елементарна, но не така лесна за спроведување во пракса. За време на половиот акт потребно е да се започне со извршување на токму на овие два важни детали: кога се практикува секс да се постигне целосна посветеност на дејството, телото и духот, и да се започне со употребата на мускулите на вагината.

Можно е отсуството на оргазам да се должи и на некој медицински проблем. Внесувањето на некои лекови исто така може да делува негативно врз оваа способност на жената. Во овие случаи решение се бара кај лекар-специјалист. Кај сите други, експертите препорачуваат вежби за подобрување на крвниот проток во малата карлица и гениталиите и користење на лубрификант за подобрување на чувствата при самиот чин.