Неконтролираниот висок крвен притисок е многу сериозен здравствен проблем кој може да доведе до срцеви заболувања и зголемен ризик од мозочен удар. Добрата вест е дека со оптимизирање на исхраната, вежбањето и ефективното справување со стресот, шансите крвниот притисок да се намали во многу голема мера се на ваша страна.
Ако вие или некој ваш близок страда од висок крвен притисок, тогаш ве замолуваме да го разгледате упатството дадено подолу. Високиот крвен притисок всушност е состојба која лесно се третира и надминува, но во исто време е и состојба која, доколку се игнорира, може да предизвика сериозни штети по вашето здравје.
Вашиот начин на исхрана, она што го јадете, ќе го зголеми или намали вашиот крвен притисок
Дали вашата исхрана подразбира режим на конзумирање на продукти од цели зрна и ниски масти? Доколку одговорот е да, имаме лоши вести за вас, затоа што ваквата нутритивна комбинација е рецепт за висок крвен притисок и може апсолутно да го разора и уништи вашето здравје.
Во едно истражување објавено во 1998 во списанието Дијабетес се изјавува дека речиси две третини од испитаниците кои биле отпорни на инсулин (ОИ) исто така имале и висок крвен притисок, а инсулинската резистенција директно придонесува кон висок шеќер како и исхраната базирана на цели зрна, особено ако е придружена со несоодветно вежбање и вежби. Па така, ако имате висок крвен притисок, големи се шансите вие исто така да имате и слабо контролирани нивоа на шеќер во крвта, бидејќи овие два проблема најчесто одат рака под рака.
Кога нивоата на инсулин во телото ќе се зголемат, се зголемува и крвниот притисок.
Фруктозата може да предизвика вашиот крвен притисок вртоглаво да расте
Првото нешто кое мора да го направите е да ги отстраните сите зрнести производи и шеќерите од вашата исхрана, особено фруктозата, и да се придржувате на тоа сè додека вашата тежина и крвен притисок не се нормализираат. Јадењето шеќери и зрнеста храна – вклучувајќи ги и сите видови на леб, паста, пченка, компири или ориз – ќе предизвика нивоата на инсулин и на крвен притисок да останат покачени.
Фруктозата во телото се разградува на цела низа отпадни продукти кои влијаат лошо врз вашето тело, еден од тие продукти е токму мочната киселина. Мочната киселина го зголемува крвниот притисок преку инхибиција на азот оксидот во крвните садови, Азот оксидот помага крвните садови да ја задржат својата еластичност, што значи дека супресијата или поттиснувањето на азотниот оксид води кон зголемувања на крвниот притисок. Всушност, 17 од вкупно 17 студии покажуваат дека покачените нивоа на мочна киселина доведува до висок крвен притисок. За повеќе информации за поврзаноста помеѓу фруктозата, мочната киселина и висок крвен притисок ве молиме да го погледнете овој текст кој сето ова го објаснува продлабочено.
Дополнителни согледувања и препораки за начинот на исхрана
- Нормализирајте го сразмерот на омега 6:3
И омега-3 и омега-6 мастите се суштински неопходни за вашето здравје. Консумирањето на омега-3 масти е еден од најдобрите начини за повторно да се сензибилизираат рецепторите на инсулин доколку вие страдате од инсулинска резистенција. Омега-6 мастите се наоѓаат во пченката, сојата, канолата, шафранот и во сончогледовото масло. Доколку конзумирате голема количина од овие масла, ќе сакате да започнете да ги избегнувате или да го ограничите нивниот внес.
Омега-3 мастите најчесто се наоѓаат во лененото семе, во маслото од ореви и во рибата, со тоа што рибата е најдобриот можен извор за истите. На жалост, повеќето свежи риби во денешно време содржат и опасно високи нивоа на жива. Она што е најпаметно и најздраво за вас е да си пронајдете сигурен извор на риба, или доколку сето ова е многу тешко изводливо, да започнете со внесување на додатоци во исхраната како на пример високо квалитетно крилово масло, кое според истражувањата се покажало како 48 пати побогато со омега-3 од рибиното масло.
- Елиминирајте го кофеинот
Врската помеѓу конзумирањето на кофеинот и високиот крвен притисок до сега не е најдобро разјаснета, но постојат доволно опширни докази да упатуваат на тоа дека доколку некој има висок крвен притисок, кафето и другите кофеински напитоци и продукти можат само да ја влошат ситуацијата. Кофеинот е дрога, и иако е целосно легална и конзумирана на глобално ниво, може да има многу силен ефект на вашата индивидуална физиологија. Доколку сакате да го елиминирате кофеинот од вашата исхрана, обидете се тоа да го направите постепено во период од неколку дена, па дури и недели со цел да ги избегнете главоболките кои се јавуваат како едни оф симтпомите на откажување.
- Конзумирајте ферментирана храна
Разликите во цревната флора која варира од една личност до друга се чини дека има голем ефект на тоа дали вашето тело нема или ќе развие срцева болест. Ако вашата цревна флора не е здрава, вие сте изложени на поголем ризик да развиете срцева болест, како и низа други хронични здравствени проблеми. Најдобриот начин да ја оптимизирате вашата цревна флора е вклучувањето на природно ферментирани продукти во вашиот режим на исхрана, како што се на пример киселата зелка, расолот и другите ферментирани зеленчуци, јогуртот, кефирот и наутот. Една дополнителна придобивка од ферментираните продукти е и фактот дека некои од нив се одличен извор на витаминот К2, кој пак е многу значаен во превенцијата на таложење на отпадни материи во артериите и превенцијата на срцевата болест.
Оптимизирајте ги нивоата на витамин Д во вашето тело
Верувале или не, колку подалеку живеете од екваторот толку е поголем ризикот од развој на висок крвен притисок. А дали сте знаеле дека крвниот притисок типично е повисок во зимските месеци отколку во лето?
Изложеноста на соодветни количини на сончева светлина е основниот здравствен услов кој ги надминува и оди подалеку од нормализирањето на крвниот притисок. Витаминот Д им помага на системите и органите кои се протегаат долж вашето тело да функционираат како што треба. Идеално би било доколку вие успеете да дојдете до витаминот Д преку безбедно изложување на сончева светлина или користење на безбеден соларен кревет, но додатоците во исхраната кои имаат голема застапенот на витаминот Д3 исто така може да бидат од огромна корист.
Она што е најважно е да го контролирате стресот
Поврзаноста помеѓу стресот и високиот крвен притисок е непореклива. Со тоа што ќе го истренирате вашето тело да успори и да се опушти токму во миговите кога стресот го задава најсилниот удар – во суштина исклучувајќи ја физичката реакција на стресот – вие може да си го заштитите вашето здравје.