Имате проблеми со косата секојдневно … Решението за сите проблеми со Вашата коса се крие во маслото од АРГАН

Маслото од арган е богато со витамин Е, протеини, феноли, има високо ниво на есенцијални масни киселини (олеинска и линолова киселина). Во прилог на тоа, исклучително навлажнува, има способност да ја обнови оштетената коса и да и даде здрав сјај на косата.

Луѓето кои би сакале да го користат овој производ на нивната коса можеби се загрижени како ефикасно да го користат чистото масло од арган како балсам за коса. Клучот на ефикасност на маслото е да се нанесува во многу мали количества и да се масира длабоко во косата и скалпот.

Ако сте се уште загрижени дали маслото од арган е премногу масно за вашата коса, нема потреба да се грижите за тоа. Маслото од арган е еден од оние видови на масло кои се наречени „суви масла“ и веднаш се апсорбира во косата, создавајќи блескав сјај на косата без остатоци на масло.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Погодно е за сите видови на коса од убава и лелеава, до нормална, брановидна и афро-коса.

ЗОШТО Е МАСЛОТО ОД АРГАН ДОБРО ЗА ВАШАТА КОСА?

-Ги заштитува врвовите од косата
-Го зголемува сјајот!
-Ја смирува и скротува кадравата коса
-Ја негува и обновува оштетената коса
-Ја обновува кршливата коса и ја одржува навлажнета
-Ја прави косата помека
-Го спречува кршењето на косата
-Помага во елиминирање на првут.

МАСЛОТО ОД АРГАН ЗАМЕНУВА МНОГУ ПРОИЗВОДИ СО ШТО ВИ ЗАШТЕДУВА ПАРИ И МЕСТО НА ПОЛИЦАТА

-Третмани
-Производи за сјај
-Производи за виткана коса
-Производи против кадрава коса
-Производи против заплеткување на косата
-Производи за термална заштита

КАКО ДА ГО КОРИСТИТЕ МАСЛОТО ОД АРГАН ЗА ПРОБЛЕМИ СО КОСАТА?

Постојат два начини за користење на маслото од арган за косата, во зависност од тоа што сакате да постигнете. Маслото од арган може да се користи на влажна или сува коса.

За обнова и нега на косата, за првут или лекување на сува иритирана коса на скалпот, користете го на влажна коса.

Треба да се нанесува откако косата ќе биде темелно измиена со шампон и делумно исушена со пешкир. Остатокот од молекулите од водата помагаат при рамномерно пренесување на маслото по целата должина. Поминете со маслото од арган низ косата почнувајќи од врвовите, а завршувајќи на почетокот кон коренот.

Овој метод му овозможува на маслото да ја навлажнува косата и скалпот подобро отколку да се нанесе на потполно сува коса.

За заштита, додавајќи здрав сјај, за смирување на кадравоста, намалување на статичноста, лекување на врвови од коса, користете го маслото на сува коса.

Користете многу мали количества (1-3 капки) косата да изгледа масна. Количествата може да варираат во зависност од должината и густината на нечија коса.

Најдобриот совет е да експериментирате и да видите што е најдобро за вашата коса.

Како да го користите маслото од арган на сува коса?

Нанесете масло од арган по шампонот на влажна коса и оставете ја природно да се исуши. Тоа и дава дополнителен и здрав сјај на косата. Маслото од арган ја навлажнува и во исто време ја негува вашата коса. Во прилог на тоа, својствата за навлажнување ќе ја подобрат еластичноста на косата. Исто така, добар е против заплеткување на косата.

Како да го користите маслото од арган на кадрава коса?

Маслото од арган ќе ги смири почетоците на косата правејќи ја косата полесно одржлива. Нанесете 2 или 3 капки на вашата четка или чешел и исчешлајте ја вашата коса. Така ќе се намали кадравоста без влијание на алкохолот кој ја суши косата во производите за стилизирање. Како прилог на тоа, ќе ја навлажни косата и ќе ја заштити од оштетување од фен, виткање или зајакнување на косата.

Како да го користите маслото од арган за сјај на косата?

Нанесете масло од арган на косата по нанесување на шампон, а потоа исплакнете и исушете ја косата. Нанесете 1-2 капки на сува коса за да добиете брилијантен сјај без остатоци на масло. Исто така, нанесете го на сува коса, особено на врвовите од косата за дополнителен сјај и контрола.

Како да го користите маслото од арган на права или коса исушена коса од фен?

Со користење на масло од арган пред топло стилизирање на косата ќе ги зајакне кутикулите на косата. Како резултат на тоа, вашата коса ќе ја задржите сјајна и со здрав изглед. Користењето на масло од арган на косата го намалува топлото сушење. Тоа е помалку штетно за вашата коса и добро дури и ако наутро имате тесен распоред.

Како да го користите маслото од арган на оштетена коса?

Поради зголемена употреба на алатки за стилизирање:

Нанесете зголемено количество на вашата коса и оставете ја цела ноќ (или барем еден час). Во текот на ноќта маслото од арган ќе навлезе длабоко во вашата коса и скалп. Следното утро измијте ја со шампон и исушете ја косата (исто така, можете да ја исушите со фен, но подоцна од вообичаено). За оптимални резултати, користете го два пати во неделата.

Поради бојадисана коса и производи за бојадисување:

Косата оштетена од хемиски бои изгледа сува и кршлива. Пред да го користите маслото од арган, почекајте неколку дена откако ќе ја бојадисате косата. Нанесете го маслото на коса и остaвете го така неколку часа. Измијте ја косата со шампон и исушете ја како и обично.

Маслото ќе го зајакне сјајот на бојата. Витаминот Е од маслото од арган ја заштитува бојата и ќе ви помогне да не ја бојадисувате толку често како што тоа го правевте.

Како да го користите маслото од арган на афро-коса?

За афро-косата маслото од арган особено е корисно поради својствата на балсам кои ги поседува бидејќи со неколку капки од врвот кон коренот дејствува како серум за зачувување на косата, давајќи и сјај и здрав изглед.

Како да го користите маслото од арган на сува и коса која ве чеша предизвикана од првут?

За да се ослободите од скалпот кој ве чеша масирајте го маслото на скалпот еднаш неделно. Користете четка или чешел за да го нанесете маслото рамномерно. Продолжете со третманот еднаш неделно. Би требало да ја забележите разликата по две или три нанесувања.

Ставете на главата топол пешкир околу 30 минути пред миење на косата. Потоа измијте ја косата. Исплакнете ја темелно со чиста, млака вода. Оставете ја косата да се исуши природно.