
Спирулината е зелена микроалга која воедно претставува и еден од најстарите живи организми на планетата Земја.
Уште од дамнешно време таа била користена за зајакнување на организмот и за лекување, а за истата цел се користи и денес, и е особено популарна кај лицата кои се поборници за здрава исхрана и здрав живот, а еден од нив е и врвниот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ има изјавено дека за да го издржи напорот кој му го наметнува животот, особено затоа што е професионален спортист, многу внимава на исхраната и гледа колку што може повеќе да ја збогати со антоксиданси, витамини, минерали и други исклучително хранливи состојки меѓу кои е и спирулината.
Овој негов избор за редовно користење на спирулина е повеќе од оправдан, затоа што покомплетна храна од спирулината денес можеби и нема!
Оваа алга е неверојатно хранлива, и претставува моќен концентрат на многу хранливи состојки. Спирулина содржи и до 60% растителни протеини, со присуство на сите есенцијални амино киселини, хлорофил, ензими, витамини, минерали (особено железо и Б12), каротеноиди, и токму нејзиниот пребогат состав ја прави да биде добредојден додаток во сечија исхрана.
Според содржина на протеини спирулината често се споредува со јајцата, но докажано е дека протеинот присатен во спирулината многу подобро се искористува во човечкото тело.
Оваа супер храна има силно влијание врз човековиот организам, помага за детоксификација, ја зголемува виталноста на организмот, и на телото му дава поголема енергија, алкализира и воспоставува нормален pH баланс, го регулира крвниот притисок, го намалува покачениот холестерол, и го подобрува варењето на храната.
Спирулината го зголемува имунитетот и претставува многу моќен антиоксиданс, затоа пожелно е да се зема и како превенција од настинки и грип.
Најчесто им се препорачува на лицата со ослабен имунитет, како и за време или по прележани болести за побрзо опоравување, на лицата со зголемена физичка активност, спортисти, бремени жени, како и на сите кои се чувствуваат истоштено и изморено.
Ако сакаш да си витален и здрав, не мора да си Ѓоковиќ, доволно е да користиш спирулина, НАРАЧАЈ ВЕДНАШ San Sebastian Spirulina онлајн на:
https://alfalab.mk/kategorija/san-sebastian/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)
San Sebastian Spirulina ќе ти ја доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!