Хлорела – моќен детоксификатор на тешки метали од телото

Хлорелата, исто како Спирулината е вид на едноклеточна зелена алга која содржи фотосинтетички пигмент – хлорофил.

Се размножува многу брзо, по пат на фотосинтеза и има потреба само од само јаглерод диоксид, вода, сончева светлина и мала количина на минерали. Не попусто нутриционисти и доктори ширум светот ја нарекуваат супер храна.

Хлорелата содржи околу 45% протеини, 20% масти, 20% јаглехидрати, 5% растителни влакна, и 10% минерали и витамини. Поточно, таа содржи 18 амино киселини (вклучувајќи ги и сите есенцијални амино киселини), сите Б витамини, витамин Ц, витамин Е, витамин К, бета-каротен, магнезиум, железо, и фолна киселина. 

Хлорелата исто така содржи фитонутриент (sporopollenin) кој се врзува со токсините и ги исфрла надвор од телото. Во ова време на голема загаденост на воздухот, хлорелата исклучиво се препорачува.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Го прочистува телото од биотоксини (туберкулоза и тетанус), ги филтрира ксенобиотиците (пестициди и индустриски отпад), ги елиминира тешките метали (жива, олово, никел и алуминиум) и ги извлекува надвор од телото конзервансите, вештачките бои и ароми, кои ги има во храната.

Многубројни се здравствените придобивки од оваа неверојатна алга. Игра огромна улога во намалувањето на високиот крвен притисок и нивото на серумски холестерол.

Многу истражувачи од целиот свет ја поврзуваат Хлорелата за спречување некои видови рак, намалување на несаканите ефекти од зрачење и зголемување на белите крвни клетки (особено кај луѓе со ХИВ или канцер), спречување на настинки, и забавување на процесот на стареење.

Со нејзината способност за создавање добри бактерии во цревата, со цел да се подобри дигестијата и да помогнат при лекување на чиреви, колитис, кронова болест, дивертикулоза и фибромијалгија. Нејзината најчеста употреба е за зголемување на енергијата, детоксификација на телото и како извор на магнезиум со цел промовирање на ментално здравје, олеснување на предменструален синдром, и намалување на астматични напади. Освен тоа, хлорелата ја чисти крвта и го оптимизира кислородот во неа, при тоа алкализирајќи го телото.

Хлорела:

  • Одличен извор на хлорофил за поголема детоксификација на телото;
  • Луѓе со проблеми на црниот дроб кои пушат и пијат, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да јаконсумираат;
  • Ослободува од констипација;
  • Помага за побрзо заздравување и лекување на рани;
  • Посебно е добра за луѓе на кои им е потребно „повторно изградување“ – тие кои патат од дегенеративни болести (мускули, нервен систем итн.);
  • Содржи Хлорела Фактор за Растење (ХФР), кој го поттикнува имунолошкиот систем, ги уништува малигните клетки;
  • ХФР исто така помага во обновата на нервното ткиво насекаде по телото и е одличен за лекување на дегенеративни болести на мозокот и нервни нарушувања.

Здравствените  придобивки  од хлорела:

  • Го подобрува нивото на енергија
  • Моќен детоксификатор на телото против тешки метали
  • Помага во правилната дигестија
  • Го зајакнува имунолошкиот систем
  • Ја подобрува Ph на телото
  • Го поттикнува растот на добрите бактерии во цревата
  • Помага против стареењето
  • Го подобрува кардио-васкуларното здравје и го чува срцето
  • Ја поттикнува мозочната благосостојба
  • Корисна е за здравјето на зглобовите и мускулите

Хлорела се препорачува за деца. Се покажа дека хлорелата го поттикнува растот и го зајакнува нивниот имунолошки систем. Дневната доза за деца е еднаква на нивната возраст.
Препорачана дневна доза:
2 капсули (500 мг/ капсула) = 1 грам
Превентивна доза 1 гр/на ден
Зајакнување на имунолошкиот систем 3 гр/ на ден
Протеини од примарни извори  5 гр/ на ден