Хлорелата, исто како Спирулината е вид на едноклеточна зелена алга која содржи фотосинтетички пигмент – хлорофил.
Се размножува многу брзо, по пат на фотосинтеза и има потреба само од само јаглерод диоксид, вода, сончева светлина и мала количина на минерали. Не попусто нутриционисти и доктори ширум светот ја нарекуваат супер храна.
Хлорелата содржи околу 45% протеини, 20% масти, 20% јаглехидрати, 5% растителни влакна, и 10% минерали и витамини. Поточно, таа содржи 18 амино киселини (вклучувајќи ги и сите есенцијални амино киселини), сите Б витамини, витамин Ц, витамин Е, витамин К, бета-каротен, магнезиум, железо, и фолна киселина.
Хлорелата исто така содржи фитонутриент (sporopollenin) кој се врзува со токсините и ги исфрла надвор од телото. Во ова време на голема загаденост на воздухот, хлорелата исклучиво се препорачува.
Го прочистува телото од биотоксини (туберкулоза и тетанус), ги филтрира ксенобиотиците (пестициди и индустриски отпад), ги елиминира тешките метали (жива, олово, никел и алуминиум) и ги извлекува надвор од телото конзервансите, вештачките бои и ароми, кои ги има во храната.
Многубројни се здравствените придобивки од оваа неверојатна алга. Игра огромна улога во намалувањето на високиот крвен притисок и нивото на серумски холестерол.
Многу истражувачи од целиот свет ја поврзуваат Хлорелата за спречување некои видови рак, намалување на несаканите ефекти од зрачење и зголемување на белите крвни клетки (особено кај луѓе со ХИВ или канцер), спречување на настинки, и забавување на процесот на стареење.
Со нејзината способност за создавање добри бактерии во цревата, со цел да се подобри дигестијата и да помогнат при лекување на чиреви, колитис, кронова болест, дивертикулоза и фибромијалгија. Нејзината најчеста употреба е за зголемување на енергијата, детоксификација на телото и како извор на магнезиум со цел промовирање на ментално здравје, олеснување на предменструален синдром, и намалување на астматични напади. Освен тоа, хлорелата ја чисти крвта и го оптимизира кислородот во неа, при тоа алкализирајќи го телото.
Хлорела:
- Одличен извор на хлорофил за поголема детоксификација на телото;
- Луѓе со проблеми на црниот дроб кои пушат и пијат, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да јаконсумираат;
- Ослободува од констипација;
- Помага за побрзо заздравување и лекување на рани;
- Посебно е добра за луѓе на кои им е потребно „повторно изградување“ – тие кои патат од дегенеративни болести (мускули, нервен систем итн.);
- Содржи Хлорела Фактор за Растење (ХФР), кој го поттикнува имунолошкиот систем, ги уништува малигните клетки;
- ХФР исто така помага во обновата на нервното ткиво насекаде по телото и е одличен за лекување на дегенеративни болести на мозокот и нервни нарушувања.
Здравствените придобивки од хлорела:
- Го подобрува нивото на енергија
- Моќен детоксификатор на телото против тешки метали
- Помага во правилната дигестија
- Го зајакнува имунолошкиот систем
- Ја подобрува Ph на телото
- Го поттикнува растот на добрите бактерии во цревата
- Помага против стареењето
- Го подобрува кардио-васкуларното здравје и го чува срцето
- Ја поттикнува мозочната благосостојба
- Корисна е за здравјето на зглобовите и мускулите
Хлорела се препорачува за деца. Се покажа дека хлорелата го поттикнува растот и го зајакнува нивниот имунолошки систем. Дневната доза за деца е еднаква на нивната возраст.
Препорачана дневна доза:
2 капсули (500 мг/ капсула) = 1 грам
Превентивна доза 1 гр/на ден
Зајакнување на имунолошкиот систем 3 гр/ на ден
Протеини од примарни извори 5 гр/ на ден