Што може да се случи доколку јадете лук на празен желудник?

Веќе со векови лукот, освен во кујната се користи и во медицински цели. Најчестатата употреба на овој спасоносен производ е за проблеми со варење, недостаток на енергија, проблеми со дишењето и проблеми со штетници во телото.

Освен народните препораки, сега и лекарите препорачуваат консумирање на лук на дневна основа.

Лекарите со лукот се борат против висок крвен притисок, срцеви заболувања, рак на дебелото црево, рак на простатата, белите дробови, стомакот, градите, и симптоми како што се дијареја, гихт, кашлица, хемороиди … Списокот е прилично долг.

Се верува дека лукот е најдобро да се јаде на празен стомак. На овој начин, им овозможувате на својствата на лук да ги „дочекаат“ сите отрови, кои ќе бидат внесени со храна, и да ги уништи.

Лукот е многу моќен антиоксиданс и антибиотик, природен, а според тоа, и најдобар филтер за вашиот стомак.

Лукот е, според студиите, најуспешен во лекување на дијареа и смирување на желудникот со прекумерен стрес.

Ви презентираме рецепти со лук кој најдобро одговараат на лекување на одредени болести:

1. Бронхитис : Измешајте 40 гр. сецкан лук со 100 мл. од 90% алкохол. Ставете ги во стаклен сад, затворите и оставете да одстои пет до шест дена, а потоа процедете. Пијте по една лажичка на ден и проблемите би требало да исчезнат.

2. Астма : Додадете 15 до 30 капки на екстракт од лук во една чаша со топла вода и пијте секојдневно.

3. Хемороиди : или проблеми со столица : Ставете да зоврие водата, додадете во неа неколку чешниња лук, гответе, оладете и пијте.

Иако лукот е многу здрав, напоменуваме дека не е чудотворна храна, која лечи се. Кај сериозни болести посетете го лекарот.

Кликни за повеќе информацииbaner-prodazni-mesta