Овој коктел содржи висока доза на витамин Ц, одличен е за почеток на енергичен ден . Се подготвува брзо, а долго ќе ве држи без чувство на глад.
Потребни состојки: 3 зелени јаболка, 2 банани, 1 портокал, 2 киви, 10-12 вишни (свежи или од компот), половина чаша замрзнати боровинки, 1-2 чаши сок од портокал.
Сите состојки се ставаат во сад и ставаат во соковник. Кога ќе се добие течна смеса, коктелот се служи во висока чаша. По желба може да додадете и две-три коцки мраз за уште поголемо задоволство.
Количината е доволна за цел ден, односно за конзумирање до три пати.