Кожата е најголемиот орган во нашето тело и игра важна улога во заштитата на внатрешните органи. За да се спречи оштетувањето на кожата и да се намали ризикот од рак на кожата, потребна е пред се правилна заштита.
Умереното изложување на сонце е корисно и помага за настанување на Витаминот Д кој е од важно значење за функционирање на мускулите, јакнење на коските и подобрување на циркулацијата меѓутоа при изложување на сонце важна е правилната заштита од УВ зраците и превентивно да ги почитуваме советите од дерматолог како да се заштитиме во сончевиот период. Незаштитената кожа лесно може да биде оштетена од дејството на ултравиолетовите зраци.
Превентивни прегледи на бенки во лето
Препорачливо е контрола на бенките да се изврши пред почетокот на летната сезона и по завршувањето на сезоната, на тој начин се откриваат промените ако евентуално настанале од сончевите зраци. Овој тип на споредба е единствено можен со компјутеризирана дерматоскопска дијагностика. Откако ќе се снимат и запамтат бенките, секоја новопојавена или промена на старата бенка лесно се забележува, а понатаму и се следи и по потреба се интервенира.
Меланомот е најопасната форма на рак на кожата. Потекнува од пигментните клетки меланоците сместени во епидермот на кожата. Последните децении во пораст е инциденцата на појавување на меланомот, што се објаснува со зголемената УВ-зрачење. Сепак може да се превенира ако рано се дијагностицира и во висок процент се излекува. Освен сончевата експозиција, генетичките фактори во голема мера влијаат меланоцитите да се преобратат во малигни. Друг фактор се и честите трауми или откинување на бенката. Најголем број меланоми се црни и кафеави. Меланомите често ја менуваат својата форма, се распаѓаат, крварат а може и да се воспалат. Најчеста локализација е на лицето и нозете.
Заштитата од сончевите зраци, заштитната облека и рационалното избирање на најповолните периоди во денот за извршување на секојдневните обврски, дејствуваат долгорочно во правец на заштита од поголеми оштетувања на кожата. Затоа е важно да се заштитиме при појава на првите сончеви зраци, а со тоа ќе се заштитиме од подоцнежните негативни влијанија кои неповолно и штетно би влијаеле на Вашата кожа.
Нега на кожата за време на летниот период
За време на летниот период кога поголемиот дел од нашата кожа е изложен на надворешни влијанија, неопходно е потребно интензивно и секојдневно да ја негуваме, хидрираме и заштитуваме нашата кожа. Во тој процес особено е ефикасно да се направат интензивни третмани за хидратација надополнети со кристален пилинг за чистење на мртвиот слој на клетки од кожата. На овој начин ќе се амортизираат штетните ефекти на јаките ултравиолетови зраци кои ги забрзуваат процесите на предвремено стареење на кожата.
Ласерска епилација во лето
Денес напреднатите ласерски системи ги заменија непријатните, скапи и краткотрајни методи за отстранување на влакна, како што се бричење, депилација со восок или со депил-крем, електроепилација и сл. За разлика од сите нив, ласерскиот третман е неинвазивен пристап, кој овожможува трајно отстранување на влакната, практичен е за големи површини на телото и нема иритација.
За полесно да донесете одлука обратете внимание главно на две нешта- ласерот со кој се врши епилацијата и персоналот кој го изведува тоа.
Моментално во светот ласерска епилација во лето е дозволена од безбедносни причини единствено со еден ласер најновиот, диоден ласер со клизна технологија Soprano XL. Со уникатната технологија на епилација со сонда во движење топлината ја примаат и влакнените корени и околните клетки. На тој начин со здружено дејство влакната се уништуваат а кожата останува без реакција. Уште веднаш може да се експонирате на сонце а и обратно, кратко после експозицијата на сонце да направите ласерска епилација. Секако дека што е понова технологијата тaа не само што е побезбедна туку и поефикасна и побезболна.
Тераписки можности за третман на целулит
– Ултразвучна кавитација со која со помош на ултразвук механички се оштетуваат мембраните на масните клетки па тие лесно прскаат и нивната содржина се разлева во меѓуклеточниот простор каде со помош на ензими се разградуваат и се отстрануваат преку крвната и лимфната циркулација
– Accent – радиофреквентни третмани, апарат кој нуди уникатна двојна радиофреквентна технологија со која контролирано се загрева ткивото над 65°C на две различни длабочини. Со биполарната сонда се овозможува топење на мастите и целулитот кои се наоѓаат на површината на кожата, додека со униполарната сонда ефективно се топат мастите сместени длабоко во масното ткиво под дермисот. Истовремено се подобрува локалната циркулација, се разградува фиброзното ткиво, се намалува отокот преку забрзување на дренажата на течности и токсини.
– Мезотерапија за масни наслаги (липолиза) претставува метода со која со помош на мали и тенки игли во кожата директно во масното ткиво се внесуваат коктели составени од состојки кои успешно ги разградуваат масните наслаги по хемиски пат и истовремено го забрзуваат локалниот метаболизам и циркулација за полесно нивно отстранување. Оваа метода успешно ги топи локализираните масни перничиња и успехот е особено забележителен доколку се комбинира со некоја од претходните две методи.
Дочекајте ги летните денови спремни и уживајте безгрижно во нив со препораките од дерматолог за заштита од УВ зраците и несаканите последици од нив, со обликувано тело без влакна.
Д-р Анета Кокалеска Петрушевска
Спец. дерматолог
Дерматолошко естетска ординација „Д-р Анчевски“
Закажете третман: 02 / 321 66 08