Грешки во миењето на косата

За убава, здрава и сјајна коса е подеднакво важно со што и како ја миете. Верувале или не, повеќето жени неправилно ја мијат косата и  со тоа ја оштетуваат, а за тоа не се ни свесни.

Откријте ги шесте најчести грешки и потрудете се да ги избегнете уште при следното миење.

Не ја мокрите доволно косата пред шампонирање

За да делуваат максимално добро производите за коса,пред првото нанесување на шампон,темелно намокрете ја косата .Поконкретно,поливајте ја со вода 3-4 минути. Не е добро да ја стискате и цедите бидејќи мокрите влакна се најподложни на кршење.

Непотребно нанесувате шампон два пати

Правилото дека треба да нанесувате шампон два пати измислено е во 50 тите години, кога жените ја миеле косата еднаш неделно или поретко. Ако ја миете косата најмалку двапати неделно,едно нанесување на шампон е сосема доволно.

Создавате триење

Триејќи ја косата помеѓу дланките додека ја миете создавате триење,кое може значително да ја оштети косата. Наместо тоа додека ја миете косата,со врвовите на прстите масирајте го темето каде шампонот е и најпотребен.

Не го користете правиот вид на сулфат

Многу луѓе користат целосно природни шампони кои не прават пена,меѓутоа експертите тврдат дека пената е неопходна за косата да биде чиста. Одличен „компромис“ се шампоните кои содржат природни деривати,односно, сулфати на база на кокосово масло. За максимална сапуница во текот на миењето додадете уште малку вода.

Не ја плакнете доволно косата

После нанесувањето шампон,косата морате темелно да ја исплакнете , бидејќи остатоците од шампон исто така можат да ја оштетат. Исто така ,може да изгледа многу неестетски,односно може да изгледа како да имате првут.

Ставате регенератор на тилот

Секое миење на косата мора да го завршите со нанесување регенератор,но не на тилот ,туку само на останатиот дел од косата. Покрај тоа не употребувајте чешел за да ја размрсите додека е натопена со регенератор,туку тоа направете го со прстите ,затоа што чешелот ја крши мократа коса. За да постигнете подобар сјај на косата ,исплакнете ја со млака или ладна вода.