Диетална торта со јагоди по француски рецепт

За кора:

-4 јајца

-125гр шеќер

-50гр брашно

-50гр нишесте

За фил:

 -5дл млеко

-20гр желатин во прав

-3 жолчки

-5 лажици шеќер

– 1 ванилин шеќер

-500 гр ситно сирење

-3дл слатка павлака

-500гр јагоди

За декорација:

 -1 црвен прелив за колачи

ПОДГОТОВКА:

Кора:

1.Белките одвојте ги од жолчките и изматете ги во цврст снег. Постепено додадете 50гр шеќер матејќи цело време.

2.Посебно изматете ги жолчките со преостанатиот шеќер. Додадете го снегот од белки и промешајте.

3.На крај додадете го брашното и нишестето па измешајте.

4.Тркалезниот калап обложете го со хартија за печење и во него сипете ја подготвената смеса. Печете во загреана рерна на 200 степени.

Фил:

1.Желатинот прелијте го со 8 лажици вода и оставете го да набабри.

2.Млакото млеко измешајте го со жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете го иситнетото сирење,желатинот ,шлагот од слатка павлака и измешајте.

3.Јагодите исечете ги на кругови и додадете ги во подготвениот фил.

Завршна постапка:

1.Печената кора вратете ја во калапот и врз неа исипете го филот.

2.Црвениот прелив за колачи подгответе го според упатството на кесичката и прелијте го врз филот.