Грчка салата

Задолжително за вашиот ручек или вечера уживајте во голем сад полн со свежа и вкусна салата. Ова е вистинскиот рецепт за вас.

Состојки:

  • 4 домати
  • 1 краставица
  • 250гр. сирење Фета
  • 24 црни маслинки (без семки)
  • 125мл. маслиново масло
  • 4 лажици лимонов сок
  • 2 лажици оригано
  • сол
  • црн пипер

Подготовка:

Исечете ги доматите на половина, а секоја половинка на четири парчиња. Додадете ги краставицата исечкана на тенки кругови, сирењето исечкано на коцки и маслинките.
Прелијте со маслиново масло, лимонов сок, посолете и наросете со мелен црн пипер. Промешајте и наросете ја салатата со оригано.

Добар апетит!