Ако имате проблем со гадење при возење , морска болест или ненадејна повремена вртоглавица или гадење без позната причина, ние ви препорачуваме да се обидете со следниов лек.
Земете половина лажичка ѓумбир во прав. Испијте ја со вода, половина час пред патување. Тоа е се. Овој метод е ефикасен против гадења и повраќања предизвикани од патување со сите превозни средства. Методот се покажа успешен во испитувања во повеќе од 70% од случаите кај луѓе кои страдаат од овој проблем и е ефикасен во траење од 4-5 часа. Ако симптомите се појават, или ако пак се повторат за време на патувањето, повторно пијте иста количина на ѓумбир.
За разлика од апчињата против гадење при возење кои се штетни и предизвикуваат вкочанетост на телото за време на дејствувањето, ѓумбирот е сосема безопасен и многу корисен за луѓето.
Лекот е стар илјадници години, и датира од времето кога го применувале кинеските морнари пред да патуваат, така ја избегнувале морската болест џвакакајќи свеж ѓумбир. Подоцна, лекот е тестиран и применуван на луѓе кои имаат различни форми на гадење и вртоглавица.