Фукусот е чудотворна морска алга која се употребува за изработка на медицински суплементи повеќе стотици години. Со својата специфична – неправилна форма која достигнува големина до два метри, распространета во карпестите морски крајбрежја низ целиот свет, со доминација на британските острови.
Оваа морска алга служи како храна и извор на јод кој е клучен при превенција за многу болести, меѓутоа во фокусот се наоѓаат нарушувањата на тироидната (штитната) жлезда. Недостатокот на основните минерали кои што се фундаментални за функционирањето на оваа жлезда можат да се надоместат со употреба на суплементите од фукусот, кој е многу корисен за превенција на сите стадиуми поврзани со нарушувањето на тироидната жлезда.
Јодот во морската алга им помага на оние луѓе кои се со недостаток на основни минерали за регулирање и подобрување на функцијата на тироидната жлезда, поради што е корисна за хипотироидизмот и гушавоста.
Во склоп со дисфункцијата на тироидната жлезда, се јавува дебелината при што со помош на оваа алга може да се регулира тежината, односно да се намалат вишокот килограми.
Оваа алга помага при болки во зглобовите, артериосклероза, дигестивни нарушувања, бронхитис, нарушувања на уринарниот тракт, анксиозност, се нанесува на кожата за кожни болести, изгореници, стареење и убоди од инсекти.
Богата е со многу витамини и минерали, јод, алгин, манитол, каротин и зеаксантин. При подготовка на медицински суплементи се употребува целото растение.
Александра Малова