Размислувате дали да одите на аеробик, јога или танц? Погледнете која физичка активност е соодветна за вашата крвна група. Научни студии покажале дека видот на спортски активности треба да го изберете според крвната група. Така, на нула група и одговараат интензивните спортови, додека оние со крвна група „АБ“ не им се препорачува прекумерен замор, но умереност во сите погледи.
Нула крвна група
Ако сте нулта крвна група голем поборник сте на физичката активност, фитнес или вежбање. Сакате спорт и не пропуштате ниту еден момент да вежбате до изнемоштување. Физички напор му е потребен на вашето тело, инаку сте потиштени и лесно може да се здебелите. Исто така се обидувате да постигнете одредени резултати ,а сакате и да победувате.
Идеални вежби за вас се оние кои се работат групно: аеробик, степ- аеробик, вежби за обликување на телото, танц, боречки вештини и слично.
Крвна група А
На вашата крвна група и одговараат тимски спортови. Добро се согласувате со колегите, знаете да се соочите со секој потенцијален конфликт или недоразбирање и преку спортски активности да го реши стресот, но и да направи нови познанства, да се пронајдат и истомисленици.
Ви одговара јога, пливање, гимнастика, брзо одење, возење велосипед, уметничко лизгање. Заборавете ги спортовите кои бараат тешки, исцрпувачки тренинзи, бидејќи тоа едноставно не е за вас.
Крвна група Б
Ако ја имате оваа крвна група сте голем индивидуалист. Во спортот, како и животот, вие сте непредвидливи и се однесуваме како вам ви одговара. Тоа може да се случи во клучните моменти да ги оставите пријателите на цедило или спротивното, да ја спасите ситуацијата кога тоа најмалку се очекува од вас. Ви се допаѓаат спортови каде што можете да вежбате потполно сами, но и во група, значи да комбинирате, во група вежбајте јога, но џогирајте сосема сами.
Крвна група АБ
Оваа крвна група ја има мал број на луѓе. Вие сте балансирани и мирни, а вашите реакции се малку побавни, па затоа не ви одговараат спортови кои бараат брзи рефлекси и брзи реакции. Без оглед на тоа вие се движите и ви се допаѓаат долги прошетки. Не се ограничувајте со фитнес клуб , бидејќи тоа брзо ќе ви досади. Вежбајте на отворено, на свеж воздух. Вие сте тип за трчање, енергични прошетки, возење велосипед или ролери, уметничко лизгање и скијање.