Појадок
Запомнете дека никогаш не треба да го прескокнувате појадокот. Постојат неколку опции за овој оброк.
- Варено јајце или кајгана
- Овес или житарки со млеко
- Овошје (доколку јадете банана, ограничете се на една)
Ручек
За ручекот подгответе си оброк кој содржи многу протеини и искомбинирајте ги со свежа салата. Еве неколку предлози:
- Печено или варено пилешко, мисиркино или телешко месо
- Печена риба или исцедена туна
- Супа од спанаќ и интегрални тортиљи
Вечера
Вечерата треба да биде најлесниот оброк. Можете да подготвите супа со зеленчук, салата или мала порција тестенини. Исто така можете да подготвите и печен зеленчук со минимална количина маслиново масло или да направите пуканки.
Помеѓу оброците
Доколку огладнете помеѓу оброците, можете да исцедите сок од свежо овошје или да изедете мала количина интегрални грицки.
Строго забрането
- Шеќер
- Сокови во амбалажа кои содржат адитиви
- Чипсови и закуски
- Чоколади и слатки од секаков вид
- Леб
Препорачливо
Покрај ваквиот вид исхрана, препорачливо е и да спортувате. Каква било активност 3 пати неделно може да ви помогне да се чувствувате уште поудобно во сопственото тело.