Есенцијални масла, Лаванда

Лавандата е фантастична за намалување на стресот, ја поттикнува релаксацијата и е одличен лек против несоница. Можете да ставите неколку капки на перницата за да успеете да заспиете. Исто така  може да се меша со неколку капки масло за масажа, па користете го за масажа на вратот и рамениците. Или уште подобро, дозволете му на некој друг да го направи тоа .

Исто така е многу корисно во намалувањето на главоболки и болки на забите. Втријте неколку капки на челото или на дел од вилицата каде ве боли заб.

Лавандата е позната по своите смирувачки ефекти. Таа е особено ефективна како третман за изгореници, исекотини и рани. Можете да ја ставите на стерилна газа и да ја покриете раната. Исто така е едно од најпопуларните масла кои се користат за време на породувањето, бидејќи  релаксира, ја намалува анксиозноста и болката. Ова масло е добро за лекување на каснувања од инсекти, бидејќи помага да се ослободите од чешањето. Тоа може да се стави директно на каснатото место или претходно измешано со крема .