Испробајте ги овие две освежителни летни напивки кои се нискокалорични, а помагаат во намалувањето на масните наслаги на стомакот.
Ладен чај од ментол
Ментолот одлично ја гаси жедта и освежува кога температурите се високи. Но знаевте ли дека тој е супер согорувач на калории? Имено, оваа билка е позната како двигател на метаболизмот кој помага во разградување на мастите во организмот. Сварете чај од ментол на вообичаен начин без додаток на шеќер, изладете го во фрижидер и додадете неколку коцки мраз.
Свеж сок од ананас
Свежиот ананас содржи ензим наречен бромелин кој ефикасно ги разградува протеините од храната, го олеснува варењето и ја намалува надуеноста. Затоа се препорачува во диетите кога сакаме да интервенираме во отстранувањето на килограмите наталожени околу стомакот. Исечете еден филџан ананас на коцкички, па изблендирајте ги со еден јогурт во убав цеден овошен сок. Ако сакате да постигнете дополнителен ефект, ананасот измешајте го со пробиотик, кој дополнително го подобрува дигестивниот систем.

