Оваа диета ја имаат измислено двајцата научници др. Мајкл Нарви (специјалист за нутриционизам) и др. Тони Хаувел (онколог). Диетата ја нарекле „диета пет спрема два”.
Диетата треба да се практикува 6 недели, може да ви помогне да го победите цеулитот и да бидете до 10 килограми послаби. Потребно е само да ги следите најважните совети: два дена неделно ќе имате посен ден во текот на кој треба да внесете само 500 калории, а останатите 5 дена можете да јадете нормално, но здраво. Исто така мора да вежбате 30 минути, три пати неделно, но само во оние денови кога ќе јадете нормално.
Диетата е резултат на научно истражување започнато во 2006 година, на институтот Genesis Breast Cancer Prevention во Манчестер.
Во каква врска се ракот на дојката и диетата за слабеење? Оваа болест, на која влијаат повеќе фактори, меѓудругото е поврзан со вишокот килограми.
Токму тоа ги стимулирало авторите на диетата да пронајдат идеален режим на исхрана, метод кој ке овозможи лесно слабеење, без нервози и јо-јо ефекти. Нивниот заклучок е дека би требало да се менуваат деновите во кои нормално се јаде и оние денови на умерен пост.
Жените во текот на посните денови треба да внесуваат 500 калории, а мажите 600 калории. Тоа би требало да бидат денови во кои нема да бидете многу зафатени и во кои нема да има потреба да вложувате голем интелектуален напор.
Мени за посните денови:
Понеделник, среда, петок, сабота и недела се јаде нормално, но преферирајте здрава исхрана.
Предлог 1
Вторник
- Појадок: кајгана од 2 јајца и парче шунка
- Ручек: прескокнете
- Вечера: 100 грама печено пилешко бело месо и 100 грама варена брокула
Четврток
- Појадок: ризото со чаден бакалар и млад лук
- Ручек: прескокнете
- Вечера: 100 грама печено говедско филе, 100 грама рукола и 100 грама варен морков.
Предлог 2
- Појадок: зелен чај, 2 меко варени јајца
- Ручек: супа од зеленчук, свеж зеленчук зачинет со лажичка масло од репка и лимон, јогурт
- Ужина: јаболко, неколку бадеми или лешници, чај или кафе со млеко
- Вечера: крем супа од зеленчук, риба, зеленчук, чај без кофеин
За да ги издржите деновите на пост, би било најдобро да го организирате внесот на калории.
- Доручек 150 калории
- Ручек 100 калории
- Вечера 200 калории
- Ужина 50-100 калории
Александра Малова