Домашни лекови против болки во желудник и гастритис

Може да е во прашање лошата и нередовна исхрана, или нешто друго, но, секој од нас повремено ја чувствува таа болка во желудникот, а лекот е толку едноставен што може да го подготвите за пет минути. Навистина се лесни за подготовка.

Дознајте како:

Прв рецепт: земете пола литар сок од тиква, додадете две лажички мед и една лажичка јаболков или вински оцет. Од овој сок болката во желудникот ќе престане веднаш.

Втор рецепт: промешајте шест лажички мелена пченка и четири лажички мелен грашок и додадете два литра зовриена вода. Оставете ја течноста да отстои петнаесет минути, процедете ја и чајот е спремен за конзумирање. Одличен е против гастритис и болки во желудникот.