10 солени трикови со Хималајска сол

Супер брзи, супер лесни со само неколку грама Хималајска сол:

1. Отстранување на мртвите клетки на кожата: додека се туширате, измасиријте го телото со хималајска сол. Ќе направите ексфолијација, детоксикација и ќе ја подобрите циркулацијата.

2. За отечени стапала: потопоте ги стапалата во сад со топла вода, хималајска сол и цеден портокал. Ќе ви бидат благодарни!

3. За чистење на усната шуплина: За здрав здив, измешајте подеднаква количина хималајска сол и сода бикарбона во ¼ чаша вода и исплакнете.

4. Против комарци: со малку вода и хималајска сол, ќе исчезне здодевното чешање и иритација.

5. За ефикасно чистење: Со еднакви количини сода бикарбона и хималајска сол, исчистете ја бањата, а потоа убаво плакнете со ладна вода.

6. За детоксикација: 125гр. Хималајска сол и една лажица бела глина (каолин) и малку вода. Нанесете на лицето и оставете да се исуши. Исплакнете.

7. За совршени кардици: Измешајте хималајска сол, кокосово масло и вода и ставете ја смесата во спреј. Користете го на мокра коса, а кога ќе ја исушите ќе добиете одлични кадрици.

8. Тоник за кожа склона на акни: 1 лажица хималајска сол,
500мл. вода и 1 лажица јаболков оцет. Со тапкање нанесете на лицето. Исплакнете, па нанесете крема за хидратација.

9. За суви стапала: измешајте поеднаква количина на хималајска сол и пченкарно брашно. Ставете ги стапалата во вода, а потоа масирајте со смесата, па исплакнете.

10. Осветлете ги ноктите:1 лажица лимонов сок, 1 лажица сода и една лаживца хималајска сол. Ноктите ќе ви станат бели и чисти.