Доколку во текот на зимските денови имате проблеми со настинки и кашлање, симптомите можете да ги ублажите со некои билни чаеви и сирупи кои лесно можете да ги направите дома.
Сезоната на грипот и настинките е пред нас, а тоа значи дека ни претстои борбата со кашлицата. За да го излекувате грлото, пробајте некои од чаевите и сирупите кои лесно можете да ги направите дома.
- Една од можностите може да биде изборот на чај со мед, лимон и ѓумбир. Се прави така што во еден мал сад ќе нарендате една лажица ѓумбир, ќе го прелиете со зовриена вода, а после 5 минути ја цедите течноста и додавате една лажица сок од лимон и една лажица мед. Лимонот е богат со витамин Ц и затоа е одличен за зајакнување на имунолошкиот систем, а медот има природни антибактериски својства, додека ѓумбирот ќе ве загрее.
Кога се во комбинација претставуваат одлично средство за смирување на симптомите на настинка.
- Друг пијалак кој може да ве ослободи од блага варијанта на кашлица се прави од по две капки на есенцијалните масла од еукалиптус и лимон, како и две лажици мед.
Една лажичка од оваа мешавина се раствора во половина чаша топла вода и се пие постепено.
- Еден од најлесните и најбрзи начини да се справите со сувата кашлица е да земате напивка од бибер. Во едно тенџере ставете десет зрна бибер, прелијте ги со вода и сварете додека да се преполови водата. Исцедете ја течноста и оставете ја да стане млака, а потоа додадете една лажица мед и пијте го во помали голтки.
Во рок од неколку часа кашлицата ќе се намали, а после два дена целосно ќе исчезне.
- Можете да се обидете и со ова: измешајте сок од три чешниња лук со малку мед и млеко, па смесата загрејте ја во рерна (не треба да зоврие)
Земајте по две лажици од течноста секој вечер и утро.
- Ако имате зрела кашлица тога пробајте ја напивката со кромид. Излупете го кромидот и ставете го во едно тенџере, а потоа додадете две литри вода. Откако ќе зоврие оставете го да се вари уште 1 до 2 часа, односно се додека течноста не потемни. Во филџанот додадете две лажици мед, две лажици јаболков оцет и на крај додадете сок од половина лимета, па додадете од топлата течност во која се варел кромидот. Веднаш штом ќе станете наутро и навечер пред спиење, пијте од овој сируп и кашлицата ќе исчезне за неколку дена.
- Билната терапија е идеална во случај на тешка кашлица. Одредени билни чаеви како што се оние од еукалиптус, анасон, копар се особено ефикасни. За да направите чај од овие билки, доволно се да ставите 1 или 2 лажички во зовриена вода и да почекате чајот да постои одредено време. На пример коренот треба да стои 15 минути, семките од 10 до 15 минути, а листовите од 3 до 10 минути. Секојдневно пијте по 3 до 4 филџани.