Поради нечистотиите кои секојдневно ги внесуваме со преработената храна, шеќерите, маснотиите, алкохолот, газираните пијалаци и други нездрави состојки нашиот црн дроб се наоѓа под големо оптеретување.
Ќе ви откриеме рецепт на природен еликсир кој успешно ќе го исчисти вашиот организам, а посебно црниот дроб да го снабдите со драгоцени хранливи материи.
Потребни состојки:
- 6 лимони
- 3 грејпфрута
- корен од ѓумбир со големина од 9-10цм (или 5 лажици ѓумбир во прав)
- 4 чешњина лук
- неколку ливчиња свеж ментол (може и јак чај 2дл со 3 кесички)
- пола литар чиста, превриена вода
- една лажичка ким во прав
Исцедете го сокот од лимон и грејпфрут во еден сад. Во блендер ставете ги ѓумбирот, лукот и чајот од ментол и добро изблендирајте ги. Исцедете ја оваа смеса и добиениот сок (од ѓумбир и лук) соединете го со сокот од лимон и грејпфрут, па додадете ја водата, кимот и маслото од лен. Се заедно добро измешајте за да стане компактно. Сокот да го пиете во текот на денот на празен желудник додека е свеж.
Овој сок им се препорачува на сите луѓе, а посебно на лицата кои консумираат поголеми количини на алкохолни пијалаци, газирани сокови, маснотии и слатки. Лицата кои веќе боледуваат од црниот дроб или имаат знаци на заболување, сокот треба да го консумираат 2-3 пати во неделата, се додека резултатите не покажат подобрување на црниот дроб.