Диетални рецепти

Брза црвена салата

-200 гр јаболка
-150 гр моркови
-150 гр цвекло
-30 гр мелени ореви
-лимонов сом

Сите состојки се рендаат, се мешаат и на крај се додава исцедениот сок од лимон и мелените ореви.

Посен сутлијаш

-2 јаболка
-200 гр кафеав ориз
-цимет
-кафеав шеќер
-морско оревче

Се вари оризот додека да омекне, потоа се цеди, се додава шеќерот и се рендаат јаболката. Сето тоа убаво се меша. На крај се додава половина лажичка цимет и се наросува со морско оревче.

Десерт од јагоди

-1/2 чаша непечени индиски оревчиња
-3 лажици природен сок од јаболко
-2 чаши свежи или смрзнати јагоди

Оревчињата се потопуваат во вода и стојат час или час ипол (доволно за да омекнат). Потоа сите состојки се мешаат во блендер, за да се добие хомогена-кремаста структура. Потоа се става во фрижидер околу еден час и се служи ладно.